fbpx

Странски државјани, дрога и бегалец откриени во полициска акција

-

Екипи на тетовската полиција вчера извршиле контрола во два угостителски објекти во селото Жеровјане, каде што покрај странски државјанки со нерегулиран престој, биле приведени уште две лица, едното барано со потерница, а другото за поседување дрога.

Како што информираат од СВР Тетово, акцијата била спроведена во локалите „Ориентал ас“ и „Ловец“. Во првиот локал биле откриени четири државјанки од Србија и од Хрватска.

– Странските државјанки ќе бидат предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за натамошна постапка – велат од МВР.

Во „Ловец“, пак, при претрес, кај Г.И. (34) од Пирок, кој бил гостин во локалот, било најдено најлонско пакување со непозната правлива материја, најверојатно кокаин, завиткан во банкнота од пет евра. Полицијата, во истиот локал го затекнала и Б.А. (35) од Градец, кој се барал со потеница. Двајцата биле приведени и задржани во полициска станица, а Б.А. денеска треба да биде предаден на Основниот суд Скопје 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...