fbpx

Продолжуваат трговските преговори меѓу САД и ЕУ

Во Мајами денеска почна 11. рунда преговори за Трансатлантскиот трговски договор, за да се надминат одредени несогласувања за некои клучни економски прашања меѓу САД и Европската унија. - Важно е земјите од Европа да се обединат околу договорот за Трансатлантската трговија и инвестициско партнерство (ТТИП), бидејќи тој...

Наумов: Клучно е вработувањето во приватниот сектор

Претседателот на комисијата за финансии, Кире Наумов, истакна дека клучен приоритет во економската програма на СДСМ е поттикнувањето вработувања во приватниот сектор. - Затоа, уште во првата година, за четири пати во однос на просекот од претходните години, ќе ја зголемиме сумата што се издвојува за активни мерки...

Саемот „Технома“ го посетиле 25.000 луѓе

Саемот на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и за заштита, „Технома 2015“, го посетиле повеќе од 25.000 посетители, информираат организаторите. Заклучокот на овој саем е дека треба да се работи на подигнување на свеста кај претпријатијата за иновациите, за да ги искористат финансиските средства од Фондот...

Тевдовски: Државната помош за малите претпријатија е 20 милиони евра

Третиот столб во „Визијата за Македонија“ на опозицискиот СДСМ, предвидува развој на домашните капацитети и пристојна работа, беше истакнато на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски. Нивна примарна цел е, како што рече, развој на малите и на средните претпријатија, бидејќи сметаат...

Компаниите заработиле 30 милиони евра од соработката со странските инвеститори

Домашните компании заработиле 30 милиони евра од активностите кои ги направиле за странските инвеститори, информираше новоизбраниот претседател на советот на странски инвеститори, Штефан Петер, на прес-конференцијата посветена на ефектите на странските инвестиции во развојот на домашната економија. Според Петер, соработката на домашните компании со странските...

Штефан Питер е нов претседател на Советот за странски инвестиции

Претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Питер, е нов претседател на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија. Питер доаѓа на местото на Хуан Педро Хименез Наваро, кој беше извршен директор на „Арчелор Митал“, а си заминува од државата од деловни...

Бензините поскапуваат за половина денар

Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еден литар „еуросупер БС 95“ ќе чини 63 денари, а „еуросупер БС 98“ ќе се точи по цена од 65,5 денари за еден литар. „Еуродизелот“ од полноќ ќе се продава по цена од 50,5...

Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот

Aмандманската расправа за предлог-буџетот за 2016 година, продолжува денеска. Пратеничките групи поднесоа 418 амандмани, а досега на матичната собраниска комисија пратениците расправаа за 11 амандмани. Според опозицискиот СДСМ, буџетот за следната година е неразвоен и нереален, бидејќи нема да се оствари планираниот економски пораст. За власта,...

Земјоделците бараат да се брендира гравот тетовец

Гравот тетовец да биде брендиран, побараа денеска учесниците на традиционалната манифестација „Ден на гравот“, која по шести пат се одржа во Теарце. Тетовските земјоделци велат дека се соочуваат со нелојална конкуренција. На пазарите се продава грав под името тетовски, а истиот е увезен претежно од...

Рударите од Добрево и од Тораница најавуваат радикализација на штрајкот

Веќе осумнаесетти ден не работат рудниците во Добрево и во Тораница, откако рударите почнаа штрајк поради доцнењето на платите и лошите услови за работа. Стотина рудари од рудникот Добрево, со кој управува индиската компанија „Индоминерали и метали“, денеска наидоа на затворени врати пред управната зграда...

„Алибаба“ сака да го купи „кинескиот Јутјуб “ за 3,6 милијарди долари

Кинеската компанија „Алибаба“ понуди да го купи преостанатиот дел од кинескиот сервис за видеостриминг „Јоуку тудоу“ за 3,6 милијарди долари за да ја прошири својата основна дејност, продажба преку интернет. Со тоа, компанијата „Алибаба“, која ги проширува своите услуги и во филмската дејност, ќе добие...

Намалени цените во земјоделството

Индексот на цените во земјоделството во септември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 7,5 проценти, а кај аутпутот е намален за 2,6 проценти, обајви Државниот завод за статистика. Во септември 2015 година, во споредба со септември...

НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање

НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање „дебит мастеркард контактлес“ (Debit MasterCard Contactless). Бесконтактното плаќање е нова технологија што овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС-терминалот. За клиентите овој начин на плаќање нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување...

Цените на индустриските производи на странските пазари опаѓаат

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 2,3 проценти на месечно ниво, а за 3,5 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во август 2015 година, во споредба со јули годинава, продажните цени на производителите...

Прометот во индустријата на домашниот пазар опаѓа, на странскиот се зголемува

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи опаѓање од 0,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во...

Милевски: Кривично да се одговара за погрешно проектиран буџет

„Ако тврдите дека буџетот е реален и оставрлив, ајде на денот кога ќе го донесеме буџетот, да донесеме измени на кривичниот законик, за минстерот кривично да одговара ако дава лажни податоци и грешно проектира“, предложи Горан Милевски од ЛДП на денешната расправа за буџетот. Според...

Првпат повеќе милијардери во Кина отколку во САД

Бројот на милијардери во Кина првпат ја надмина бројката на милијардери во САД и покрај забавениот пораст на втората по големина светска економија, покажуваат резултатите од годишното истражување. - Кина сега има 596 милијардери, што е значително зголемен број во однос на 242 од минатата...

УСАИД им помага на малите бизниси да успеат

Проектот на УСАИД за мали и за микро-претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, им додели сертификати на 117 претприемачи за успешно завршени претприемачки програми. Откако почна со работа пред четири години, сопствениците на бизниси...

Бесплатен интернет на скопскиот аеродром

„ТАВ Македонија“ во соработка со „Македонски телеком“ воведе бесплатен интернет на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Станува збор за бесплатен безжичен интернет кој е достапен во терминалната зграда и во салонот за важни личности на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно...

Сè повеќе кредити во приватниот сектор

Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за септември покажуваат забрзување на месечниот пораст на вкупните кредити на приватниот сектор. - Во септември, кредитната поддршка беше насочена и кон населението, но и кон корпоративниот сектор, каде што по двомесечното намалување, кредитите забележаа пораст. Годишната стапка...

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...