fbpx

Граѓаните сè потешко ги враќаат потрошувачките и станбените кредити

Кредитите наменети за потрошувачка се најзастапени во нефункционалното кредитно портфолио на банките, покажува најновата анализа на Народна банка. Станбените кредити, пак, исто така предизвикаа пораст на учеството на нефункционални кредити наменети за набавка и за реновирање на станбен простор. - На 30 јуни 2014 година, нефункционалните...

Преведувачите бараат да се самовработат со статус на физичко лице

Работниот статус на преведувачите да се реши преку воведување модел за самовработување на физички лица, истакнаа од Здружението на преведувачи на Македонија, кое денеска ја одржа третата Меѓународна конференција. Претседателката на Здружението, Ирена Кацарски-Ќимова, смета дека со новиот модел на самовработување, кој ќе биде предложен...

Либералната партија ја претстави економската програма

Либералната партија ги објави контурите на својата економска програма, која ќе се базира на три стратегиски теми и тоа „Економијата на прво место“, „Организирана држава“ и „Образование и млади“. Во програмата се предвидува зајакнување на капацитетот на деловната заедница и на граѓанскиот сектор, преку пренесување...

90 компании аплицирале за финансирање од Фонд на иновации

Деведесет компании аплицирале за трите инструменти содржани во вториот повик на Фондот за иновации и за технолошки развој, за добивање неповратна помош во пари за финансирање на иновациите. За комерцијализација на иновациите, аплицирале 25 компании, а преку овој инструмент се обезбедува финансирање на најмногу 70...

Европски суд: Да се укине ДДВ на трансакции во биткоини

Интернет-замената на традиционалната валута со дигиталната виртуелна валута биткоин, треба дa биде изземена од данокот на потрошувачка, исто како и другите трансакции со пари, пресуди Европскиот суд на правдата. Судот наведува дека биткоинот треба да биде третиран како средство за плаќање и дека како таков,...

Путин: Русија ќе вложи две милијарди долари во Аргентина

Обемот на руски инвестиции во изградба на хидроелектрани во Аргентина, ќе достигне околу две милијарди долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во телефонскиот разговор со аргентинската претседателка, Кристина Киршнер. - Вниманието ќе го посветиме на зголемување на трговско-економската соработка. Реализацијата на овие големи заеднички проекти...

НБРМ ќе организира прв регионален форум за финансиска вклученост

Народната банка на Република Македонија ќе го организира Првиот регионален форум на Источна Европа и на Централна Азија (ЕЦА) за финансиска вклученост, што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, од 26 до 28 октомври. Програмата е замислена како тридневен настан фокусиран на...

Втор повик за управување со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези

Владата распиша втор повик за воспоставување јавно-приватно партнерство за стопанисување и за управување со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези. Се бара компанија која со комплексот ќе управува во наредните 20 години. Концесионерот, фирмата „Тренд“, се откажа од овој проект кој потоа премина во рацете на Службата за...

Конференција во Охрид: Економската миграција продолжува – Балканот старее

Економската миграција продолжува - Балканот забрзано старее, беше речено на Меѓународната конференција за демографските процеси на Балканот што се одржува во Охрид, во организација на „Демобанк“ и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На конференцијата во Охрид учествуваат 60 експерти кои...

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на законот за хонорарци

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со коjа се оспорија законските решенија за плаќање задолжителни придонеси за хонорарците бидејќи оспорените одредби повеќе не важат. Претставката до Уставен суд беше поднесена од 7.000 граѓани, за утврдување на неуставност на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците. Владата, пак, законот...

Инвестицијата за реновирање на „Рамстор“ чини околу 1 милион евра

Инвестицијата за реновирање на трговскиот центар „Рамстор“, за што беа ангажирани домашни компании, чинеше 1.200.000 евра. Станува збор за проект кој е најголем од отворањето во 2005 година. За овие 10 години, отворени се 19 маркети, во шест градови со продажна површина од 16.000 квадратни метри. Во...

УЈП: Барање на отпис на камата од социјални придонеси до 31 декември

Сите работодавци, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци, односно подносители на пресметки на бруто-плата, можат да поднесат барање за отпис на камати до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември, информираат од оваа институција. Право на отпис на камати врз основа на...

Милошеска: Дискутабилни се планираните 4 проценти пораст на БДП за 2016 година

На амандманските расправи за предлог-буџетот за 2016 година, кои се во тек, опозицијата  ја обвинува власта дека буџетот за следната година е недомаќински и нереален, а власта, пак, се брани дека проекциите за пораст на БДП за 4 проценти се остварливи и дека буџетот развоен. Наспроти ставовите...

Кина првпат емитуваше обврзница во јуани во Лондон

Народната банка на Кина првпат емитуваше обврзници во јуани во Лондон. Целта е интернационализација на оваа валута. Овој настан се совпаѓа со почетокот на четиридневната посета на кинескиот претседател Сји Џинпинг на Британија. Првпат акуцијата на обврзници деноминирани во јуани се одржа надвор од Кина и од Хонгконг.

Се одложува гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион

Сè уште не е избрана компанија која ќе ја спроведе гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион. На петтиот по ред повик, се јавиле две компании, од кои едната се откажала, а другата побарала продолжување на рокот за евалуација. Проектот за...

Македонија се задолжува со нова еврообврзница за покривање на дефицитот

Македонија ги ангажирала „Ситигруп“, „Дојче банк“ и „Ерсте банк“, кои ќе работат на издавање еврообврзница, јавува „Ројтерс“. Како што најави Министерството за финансии, со оваа еврообврзница ќе се покрие буџетскиот дефицит од 309 милиони евра за следната 2016 година. Ова би било четврто задолжување на Македонија...

49,8 проценти од деловните субјекти користат социјални медиуми

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна или мобилна конекција имале 93,5 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59,1 отсто од деловните субјекти. Ваков тип...

Недоволната побарувачка го ограничува обемот на производство

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2015 година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2014 година е зголемен за 6,2 процентни поени, објави Државниот завод...

Пазарниот удел на „Вип“ е 28,5 проценти, бројот на корисници намален на 624.000

Како резултат на силната конкуренција во мобилниот сегмент и трендот на намалување на вкупната пенетрација на пазарот, бројот на мобилни корисници на „Вип“ се намали до 624.000 корисници, при што пазарниот удел на „Вип“ остана на ниво од 28,5 проценти. Со аквизицијата на „Близу“,...

Сопственикот на „Алибаба“ стана советник на Дејвид Камерон

Основачот на кинеската интернет-компанија „Алибаба“, Џек Ма, е именуван за советник за економски прашања на британскиот премиер Дејвид Камерон, соопшти денеска британската влада. Тоа именување дојде еден ден пред посетата на кинескиот претседател Си Џипинг во Велика Британија, чија цел е зајакнување на економските врски...