fbpx

Преведувачите бараат да се самовработат со статус на физичко лице

-

Работниот статус на преведувачите да се реши преку воведување модел за самовработување на физички лица, истакнаа од Здружението на преведувачи на Македонија, кое денеска ја одржа третата Меѓународна конференција.

Претседателката на Здружението, Ирена Кацарски-Ќимова, смета дека со новиот модел на самовработување, кој ќе биде предложен до властите, преведувачите ќе имаат можност да ги исполнат обврските спрема државата и спрема клиентите.

– За да се вработиме, мораме да се регистрираме како правно лице или трговец-поединец. Но обврските што ги предвидува ваквиот стасус не можеме да ги исполниме поради нашиот нередовен работен ангажман. Затоа бараме самовработување за физичко лице, а веќе постои основа за тој модел. Во Управата за јавни приходи, секој што врши слободна дејност може да се пријави како самовработено лице. Во овој момент, тој модел го опфаќа само плаќањето на персоналниот данок, а ние бараме да се вклучи и пензиско и здравствено осигурување – изјави Кацарски-Ќимова.

Од Здружението на преведувачи велат дека со новиот модел на самовработување, ќе се намали злоупотребата на професијата преведувач. Моделот ќе озвозможи формирање на регистар на слободни и на професионални преведувачи.

– Преведувач или толкувач не може да биде секој што мисли дека го знае доволно јазикот и да си земе право да преведува. Тоа не е едноставно. Затоа, со оваа работа мора да се занимаваат само професионалци – изјави Љуљета Адеми од Здружение на преведувачи на Македонија.

Третата меѓународна конференција на преведувачи се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа, на тема „Како до подобра цена за преводите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...