Инвестицијата за реновирање на трговскиот центар „Рамстор“, за што беа ангажирани домашни компании, чинеше 1.200.000 евра. Станува збор за проект кој е најголем од отворањето во 2005 година.

За овие 10 години, отворени се 19 маркети, во шест градови со продажна површина од 16.000 квадратни метри.

Во Македонија, овој трговски синџир има 470 вработени, а до крајот на годината ќе се отвори уште еден супермаркет.

Просечната дневна посетеност е 20.000 посетители.