fbpx

Путин: Русија ќе вложи две милијарди долари во Аргентина

-

Обемот на руски инвестиции во изградба на хидроелектрани во Аргентина, ќе достигне околу две милијарди долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во телефонскиот разговор со аргентинската претседателка, Кристина Киршнер.

– Вниманието ќе го посветиме на зголемување на трговско-економската соработка. Реализацијата на овие големи заеднички проекти во областите како што се хидроенергетика, нуклеарна енергија, производство на нафта и на гас, се со добра перспектива. Веќе се постигнати договори за изградба на хидроелектрани, во кои ќе бидат инвестирани околу две милијарди евра – изјави Путин.

Тој додаде дека и соработката со „Газпром“ со аргентинските партнери не мора да биде ограничена само на истражување и на производство, како што е предвидено со меморандум меѓу оваа руска компанија и аргентинската YPF.

Според Путин, „Газпром“ ќе почне да работи на производство, транспорт и на дистрибуција на природен гас на територијата на Аргентина. Тој додаде дека уште една руска компанија има намера да почне со производство на опрема за експлоатација на нафта.

Аргентинската претседателка Кристина Киршнер, преговорите меѓу „Газпром“ и YPF ги нарече важни и во напредната фаза.

Аргентина е на второ место во светот по обемот на резерви на неконвенционален гас и четврто по неконвенционална нафта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...