fbpx

Конференција во Охрид: Економската миграција продолжува – Балканот старее

-

Економската миграција продолжува – Балканот забрзано старее, беше речено на Меѓународната конференција за демографските процеси на Балканот што се одржува во Охрид, во организација на „Демобанк“ и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На конференцијата во Охрид учествуваат 60 експерти кои во наредните три дена ќе ги презентираат своите научни трудови од областа на демографијата.

Освен Косово и Албанија, сите други држави на Балканот се соочуваат со стареење на населението, а во речиси сите земји од регионот, без исклучок, има економска миграција.

– Ако се изземат Косово и Албанија, сите други земји од Балканот се соочуваат со намален фертилитет, односно број на новородени деца, како и со економска миграција, која е поизразена во последните пет години. Дополнително, Балканот стана главна рута на мигрантите од Сирија, Ирак и од Авганистан, кои оттука минуваат кон западноевропските земји. Од демографска гледна точка, ситуацијата не е добра, но истовремено треба да се потсети дека Балканот не се разликува многу во однос на ова прашање од земјите во Европа, кои исто така се соочуваат со низок фертилитет и со миграција – истакна Бајрон Коѕаминис, претседател на Балканската демографска асоцијација.

Меѓународниот експерт по демографија, Катерина Костадинова Даскаловска, укажува дека стапката на фертилитет на Балканот изнесува 2,1 отсто, што е најниска граница на проста репродукција.

– Балканските земји веќе се под тој просек. Доколку ваквиот тренд продолжи, а дополнет со миграцијата, земјите од Балканот ќе се соочат со забрзано стареење на населението и со проблеми со работната сила – додава Костадинова Даскаловска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...