Рударите од Добрево и од Тораница најавуваат радикализација на штрајкот

-

Веќе осумнаесетти ден не работат рудниците во Добрево и во Тораница, откако рударите почнаа штрајк поради доцнењето на платите и лошите услови за работа.

Стотина рудари од рудникот Добрево, со кој управува индиската компанија „Индоминерали и метали“, денеска наидоа на затворени врати пред управната зграда на компанијата, каде бараа средба со раководството, но не беа примени на разговор.

Рударите одржаа средба со градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, кој им кажал дека до понеделник очекува владините преставници да се изјаснат за судбината на овој рудник, од кој само во Пробиштип егзистираат околу 500 семејства.

Рударите најавија дека доколку нема решение до вторник, тие ќе го радикализираат штрајкот.

Во Владата со денови очекуваат одговор од концесионерот, индискиот милионер Гокул Бинани, да се изјасни какви му се намерите со рудниците, односно дали ќе инвестира според преземените обврски од концесионерскиот договор, ќе прогласи стечај или, пак, ќе се бара нов концесионер.

Во меѓувреме, фирма од Скопје, кон која рудниците имаат долгови, веќе побарала стечај.

В.К.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...