fbpx

Прометот во индустријата на домашниот пазар опаѓа, на странскиот се зголемува

-

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи опаѓање од 0,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,9 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,5 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај енергија за 0,5 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 7,2 проценти, капитални производи за 12,8 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 12,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 проценти.

Индексот на прометот во индустријата во август 2015 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 95, додека во периодот јануари-август 2015 година, во однос на периодот јануари-август 2014 година, изнесува 108,4.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...