fbpx

Иванов: Помина времето кога безбедноста на Европа се чуваше само на тлото на Европа

-

Државите од Западен Балкан мора да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на Унијата со непречен пристап до сите бази на податоци, истакна шефот на државата, додавајќи дека секоја земја може да придонесе со тоа што ќе го споделува своето искуство.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се обрати на отворањето на форумот посветен на глобалните закани за безбедноста и на тероризмот, меѓународната и регионалната соработка и превенција од конфликти, како и на одговорот на прашањето за заканите врз меѓународниот бизнис.

Тој рече дека глобалната закана од насилен екстремизам и од странски терористички борци не може да се реши со бирократски процедури, туку со дневно менаџирање на заканата. Иванов вели дека справувањето со оваа криза е можно само со целосно интегрирање на полициските и на разузнавачките служби низ Европа.

– Неопходен е развој на превентивен механизам во борбата против насилниот екстремизам и радикализам, странските терористички борци и ризиците од илегалната миграција. Искуството покажува дека разузнавањето и специјалните операции се најдоброто оружје во денешното безбедносно опкружување – посочи Иванов.

Според претседатлот на РМ, помина времето кога европската безбедност и сигурност се чуваа само на тлото на Европа.

– Сега Европа се чува на Блискиот Исток, на Кавказот и во Северна Африка. Единствена долгорочна гаранција за мирот и за безбедноста во Европа е градењето мир и безбедност во кризните региони што се наоѓаат во непосредното и во поширокото европско соседство – рече Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...