fbpx

Наумов: Клучно е вработувањето во приватниот сектор

-

Претседателот на комисијата за финансии, Кире Наумов, истакна дека клучен приоритет во економската програма на СДСМ е поттикнувањето вработувања во приватниот сектор.

– Затоа, уште во првата година, за четири пати во однос на просекот од претходните години, ќе ја зголемиме сумата што се издвојува за активни мерки за вработување и таа ќе изнесува 22 милиона евра. Бројот на лицата што директно ќе се вработат со овие мерки очекуваме да изнесува во просек 16.000 лица на годишно ниво. Воведуваме регионален пристап во креирањето активни мерки за вработување. Во зависност од состојбите во осумте плански региони, се креираат активни програми за вработување со активно учество и поддршка на локалните заедници – изјави Наумов на денешната прес-конференција.

За олеснување на финансирањето на крупни инвестиции, Наумов истакна дека опозицијата предлага формирање на компанија со доминантна државна сопственост (51 процент) преку која ќе се насочуваат дел од инвестициите во инфраструктурни проекти и во обновливи извори на енергија.

– Почетниот капитал на компанијата е 300 милиони евра, од кои 153 милиони евра би биле учество на државата, а за другите ќе се прави емисија на акции кон заинтересираните лица – појасни Наумов.
Во приоритетите на партијата е и земјоделството, вели претседателот на комисијата за финансии. Според него, во овој сектор од стопанството субвенциите не секогаш завршуваат кај вистинските земјоделци, а речиси кај сите култури и гранки има намалување на посеаните површини и пад на вкупното производство.

– Увозот на храна е повеќе од двојно поголем од извозот – додава Наумов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...