fbpx

Продолжуваат трговските преговори меѓу САД и ЕУ

-

Во Мајами денеска почна 11. рунда преговори за Трансатлантскиот трговски договор, за да се надминат одредени несогласувања за некои клучни економски прашања меѓу САД и Европската унија.

– Важно е земјите од Европа да се обединат околу договорот за Трансатлантската трговија и инвестициско партнерство (ТТИП), бидејќи тој може да помогне во унапредување на прописите, според кои се работи насекаде во светот. Договорот нема да му наштети на опкружувањето или на стандардите на пазарот на трудот – изјави американскиот државен секретар, Џон Кери.

Целта е да се отстранат ограничувањата во областа на трговијата и на инвестициите, кои ги загрозуваат економскиот пораст и отворањето нови работни места.

Преговорите за Трансатлантската трговија и инвестициско партнерство, почнаа во јули 2013 година, а на нив особено се спротистави европската јавност.

Европа стравува дека САД со овој договор сакаат да ја ослабнат здравата европска економија, како и нејзините прописи на пазарот на труд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...