fbpx

Словенија најавува ист режим на транзит за бегалците како Австрија

-

Словенија ќе мора да воспостави ист режим на транзит на мигрантите на границата со Хрватска, каков што има воспоставено Австрија на границата со Словенија, за да го контролира нивното движење.

Ова денеска го најави претседателот на Словенија, Борут Пахор, при посетата на бегалскиот центар Шентиљ.

– Во Словенија доаѓаат многу повеќе мигранти отколку што сме способни да згрижиме – изјави Пахор.

Тој додаде дека ако Австрија ги пушта, може и тие контролирано да ги пуштаат. Но, ако на австриската страна на границата дојде до заострување на контролата, истиот режим мора да го воведе и Словенија.

Пахор утре заминува на службена посета на Белгија, каде што ќе разговара со официјалните лица во Брисел за моментната ситуација со бранот бегалци.

Според него, кон мигрантите државата треба да се однесува хумано, но и да дејствува за да ја заштити границата и да ги обезбеди редот и стабилноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...