НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање „дебит мастеркард контактлес“ (Debit MasterCard Contactless).
Бесконтактното плаќање е нова технологија што овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС-терминалот. За клиентите овој начин на плаќање нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување на плаќањето.
НЛБ Тутунска банка оваа година одбележува и прославува голем јубилеј, 30 години од своето постоење.