fbpx

Грчки цариник со спреј оштетил регистарски ознаки на македонски камион

-

Македонски камионџија вчера на граничниот премин Богородица пријавил дека грчки цариник со спреј му ја оштетил задната регистерска табличка и ознаката „МК“ на товарното возило, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, додека возачот на камионот службено бил на солунското пристаниште, при извршувањето на царинските формалности, службеник на грчката царина со син спреј ја испрскал задната регистарска табличка на полуприколката на возилото и целосно ја покрил ознаката „МК“.

Случајот не бил пријавен во грчката полиција. Според МВР, во текот на оваа година на преминот Богородица биле евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички, сопственост на македонски државјани кои биле во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...