fbpx

Се намалуваат продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, односно за 0,4 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика во јануари годинава. Во јануари 2016 година, во споредба со декември 2015 година, продажните цени на производителите...

Просечната плата во декември изнесувала 22.715 денари

Просечната нето-плата, во декември 2015 година, изнесувала 22.715 денари, а бруто-платата истиот месец изнесувала 33.299 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во декември 2015 година се забележува зголемување на платата од 1,4 отсто во споредба со истиот месец од 2014 година. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето...

72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори

Македонија лани во декември потрошила вкупно 824.591 мегават-часови електрична енергија, 28,117 милиони кубни метри природен гас, 782.427 тони јаглен и 97.408 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2...

Народна банка ја поедностави процедурата за отворање и за поседување сметки во странство

Народната банка донесе мерки со кои се олеснуваат и дополнително се уредуваат начинот и условите за отворање и за поседување сметки во странство, и тоа за неколку категории резиденти: дипломатски, конзуларни и други претставништва на Македонија во странство, физички лица со постојано место на живеење...

Еден домашен денар го зголемува БДП колку два денари странски инвестиции

Еден денар странски инвестиции го зголемува домашниот бруто-производ (БДП) во истиот квартал за 0,2 денари, а потоа ефектот е никаков. Еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, а еден денар вложен од државата го...

Повеќе од 26 проценти од работниците во компаниите се непријавени

Повеќе од 26 проценти од работниците што работат во компаниите се непријавени. Најмногу ги има во секторите земјоделство, градежништво, транспорт, хотели, ресторани, трговија и услуги, претежно во мали и во средни бизниси. Ова беше истакнато денеска на потпишувањето на Меморандумот меѓу претставници на Државниот инспекторат за труд, Организацијата...

220.000 евра за развој на туризмот во Охридскиот и Тиквешкиот регион

Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО) го одбележа завршувањето на двегодишниот проект во Македонија за развој на туризмот преку поддршка на кластерско здружување во регионите на Охридското езеро и Тиквешкиот регион. За оваа цел беа издвоени 220.000 евра со што се придонесе за...

Пекинг е нова претстолнина на милијардерите

Њујорк повеќе не е претстолнина на милијардерите, бидејќи таа „титула“ ја презеде Пекинг. Во главниот град на Кина сега живеат 100, а во Њујорк 95 милијардери покажуваат податоците на компанијата „Хурун“ од Шангај, која ја објавува годишната листа. Пекинг минатата година доби нови 32 милијардери, а...

Банките лани заработиле 75,4 милиони евра

Банките лани заработиле 75,4 милиони евра, што во однос на 2014 година има зголемување за 47,3 отсто, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор лани, односно околу 80 отсто е направен во големите банки. Средните банки заработиле 16 милиони евра, додека пак кај...

Лагард смета дека светската економија скромно закрепнува

Првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард изјави дека светската економија скромно закрепнува. На форумот во Дубаи, таа изјави дека растот на бруто-домашниот производ (БДП) на глобалната економија за оваа година се очекува да биде над три проценти. Лагард смета дека растот на економијата во развиените...

Македонија и Словачка ќе ја продлабочат економската соработка

Четири мешовити работни групи за енергетика, за инвестиции, за индустрија и за земјоделство во изминатите два дена договорија насоки за идна соработка меѓу Словачка и Македонија. Во делот на индустријата предложено е зајакнување на соработката преку потпишување меморандум за соработка меѓу националните асоцијации од винската индустија,...

Владата, најголем огласувач во предизборниот период

Во предизборниот период, најголемиот дел од огласите во медиумите, кои се однесуваат на одредени проектни активности (52 отсто), доаѓаат од Владата, а на второ место се тие од Министерство за труд и социјална политика (26 отсто). Ова се вели во јануарскиот извештај на „Транспарентност Македонија“...

Саемот за градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март

Саемот на градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март на Скопски саем, каде ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100...

Европската комисија предлага јавен пристап до податоците за мултинационални компании

Европскиот комесар за финансии, Пјер Московиси, денеска изјави дека Европската комисија во април ќе предложи, финансиските податоци на мултинационалните компании во земјите на Европската унија да станат достапни за јавноста. - Секоја мултинационална компанија треба да ги објавува своите активности, резултати,  финансиски и сметководствени податоци...

Државата се задолжува со нови 30,5 милиони евра

Државата денеска ќе се задолжи за нови 30,5 милиони евра од домашните кредитори. На аукцијата, ќе бидат издадени шестмесечни државни записи во вредност од 8,7 милиони евра и 12-месечни записи во висина од 21,8 милиони евра. Со претходните пет одржани аукции, направен е нето-долг од 56...

Осигурителните производи ги нудат 440 лиценцирани брокери на пазарот

Пазарот на осигурителни производи се карактеризира со несовршени и асиметрични информации на страната на понудата и на побарувачката, како и со значителни трошоци за пребарување да се најде најдобар договор за осигурување. Во овој процес осигурителните брокери играат клучна улога во развојат на самата...

ЕУ ќе го финансира енергетското поврзување со Албанија со 12 милиони евра

Европската унија ја потврди својата намера да обезбеди 12 милиони евра за поддршка на изградбата на првиот далновод за електрична енергија помеѓу Албанија и Македонија, за воведување на подобрувања на ефикасноста на мрежата, во рамки на инфраструктурата на МЕПСО. Коридорот Исток – Запад за пренос...

Фирмите обврзници да достават годишни сметки до крајот на месецов

До крајот на овој месец сите фирми обврзници треба да достават годишни сметки за 2015 година до Централниот регистар. За трговските друштва што поднесуваат годишни сметки во електронска форма и за трговците-поединци и самостојните вршители на дејност рокот е до 15 март 2016 година. Од Централниот...

Бензинот поевтинува за три денари

Бензинот поевтинува за 3 денари од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 55 денари, а „еуросупер БС-98“ за 57 денари. Цената на дизелот останува на 41 денар за еден литар.

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот поради неизвесноста во поглед на потенцијалното излегување на Обединетото Кралство до Европската унија, пренесува „Би-Би-Си“. При тргувањето, фунтата ослебела за 1,4 отсто во однос на доларот, со што продолжи неколкумесечното слабеење. Спрема јапонскиот јен, фунтата од 162,40...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...