fbpx

ЕУ ќе го финансира енергетското поврзување со Албанија со 12 милиони евра

-

Европската унија ја потврди својата намера да обезбеди 12 милиони евра за поддршка на изградбата на првиот далновод за електрична енергија помеѓу Албанија и Македонија, за воведување на подобрувања на ефикасноста на мрежата, во рамки на инфраструктурата на МЕПСО.

Коридорот Исток – Запад за пренос на електрична енергија треба да ги поврзе пазарите на Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и на Италија.

Проектот е дел од агендата за поврзување на Западен Балкан, со финансирање обезбедено од Програмата за предпристапни фондови (ИПА), преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан (ПИЗБ).

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) веќе има одобрено кредит од 37 милиони евра за овој проект, со кој ќе се поттикне регионалната интеграција на пазарите за енергетика на Западен Балкан.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД сметаат дека нападите во Рафах не претставуваат целосна инвазија на градот

Соединетите Американски Држави не веруваат дека нападите на Израел врз Рафах во текот на изминатата недела не претставуваат целосна инвазија на градот, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби,...