понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: поврзување | 21 резултати

Почна изградбата на улица Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

август 20, 2020

Денеска Град Скопје започна со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Новоизградената улица ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири […]

МНР: Земјите го олеснуваат поврзувањето за време на кризата, за да им се помогне на граѓаните

март 20, 2020

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера и денес имаше телефонски разговори со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срѓан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг. „Во фокусот беше олеснување на процесот на поврзување (интерконективноста) меѓу земјите во периодот на кризата, […]

Албанскиот амбасадор во Србија: Мини-шенген би бил неуспешен ако не се вклучат сите балкански земји

декември 4, 2019

Иницијативата за создавање на мини-шенген на Балканот е добра идеја, вели албанскиот амбасадор во Србија, Илир Бочка во интервју за „Порталб.мк“. Тој смета дека ова не е чекор на Албанија против Косово, но сепак нагласува дека иницијативата нема да успее ако не се вклучат сите земји од Западен Балкан. Интервјуто се реализира во Нови Сад, […]

Нов планински туристички производ кој ги поврзува Македонија, Албанија и Косово

август 13, 2018

Нов транс-национален планински туристички производ „Хај скардус треил“ (High Scardus Trail) кој ги поврзува планинските масиви во пограничните области на Албанија, Македонија и Косово беше промовиран на 11 август во Пешкопеја, Албанија. Во рамките на промоцијата, имаше и промотивно планинарење на две групи по две патеки патеки кои се дел од ХСТ,  Битуше – Веливар […]

Дигиталното поврзување на Западен Балкан ќе биде финансирано со 200 милиони евра од ЕУ

мај 17, 2018

Заклучоците од првиот Дигитален Самит, што пред еден месец се одржа во Скопје, веќе се дел од агендата на Европската Унија, информираат од министерството за информатичко општество и администрација. „Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од самитот на ЕУ и Западен Балкан, информираше дека иницијативите за дигитална агенда и поголема поврзаност во регионот ќе бидат финансирани […]

Мигрантските рути се затворени, владите во регионот ќе разменуваат информации

април 4, 2018

Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) ги поддржува шесте влади од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија во усогласување на правната рамка со законодавството на Европска Унија, во изградбата на институции и персонал, како и размена на информации за мигрантите кои поминуваат низ овие држави. На денешната презентација […]

Инфраструктурата и енергетиката, теми на Инвестицискиот самит во Лондон

февруари 27, 2018

Инфраструктурното и енергетското поврзување на земјите од Западен Балкан биле едни од главните теми за кои, премиерите на земјите од Западен Балкан, разговарале на „Регионалната инвестициска платформа“ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што се одржа во Лондон. „Зборувавме за Коридорот 8 и Коридорот 10, но и […]

Железничките делници на Коридорот 8 се заеднички приоритет на земјите од регионот

октомври 25, 2017

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска учествуваше на втората министерска конференција за транспорт што се оддржува во Варшава, Полска. На конференцијата на која присуствуваат министрите за транспорт од земјите од Централна и од Источна Европа и од Кина, се разговара за развојните стратегии во насока на реализација на инфраструктурните и транспортни проекти […]

Нема регионален развој без железничко поврзување

октомври 16, 2017

Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која денеска учествува на „Самит 100“, на средбата со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, порачала државите од Западен Балкан повеќе да се поврзат железнички и да ги искористат парите од ЕУ за таа намена. Сугарески информираше дека темата на разговор била да се забрза железничкото поврзување помеѓу Македонија […]

Булц: Поврзувањето на регионот е клучно за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ

октомври 16, 2017

Западен Балкан има пореални можности за влез во Европската Унија во однс на изминатите 10 години, порача еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која имаше специјално обраќање на „Самит 100“ за бизнис-лидери на Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје. Таа рече дека ЕУ има стратегија за проширување и тоа треба да биде голем мотив за […]

Заев во Софија договара заеднички енергетски проекти и ново поврзување на гасоводите

јуни 21, 2017

Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката, а се разговара и за изградба на ново поврзување меѓу гасоводот на Бугарија и македонскиот гасовод. Тоа се две од побитните работи за кои во Софија денеска разговарале македонскиот премиер Зоран Заев и Теменушка Петкова, министерка за енергетика на Република Бугарија. На […]

ССК учествуваше на форумот „Еден појас, еден пат“ во Пекинг

мај 15, 2017

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) промовираше договор во рамки на членството во Интернационална трговска комора на Патот на свилата (Silk Road Chamber of International Commerce – SRCIC), која има цел и работи на промовирање на кинескиот проект за инфраструктурно и за економско поврзување на Азија, Европа, Африка и на Блискиот Исток. „Со ова и официјално се отвараат нови можности […]

Шест земји од Западен Балкан во Сараево разговараат за економско поврзување

мај 11, 2017

Агендата за регионалната економска интеграција е тема на состанок на претставници на шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, како една од последните подоготовки пред самитот планиран за јули годинава во Трст, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС). Средбата на која учествуваат претставници од повеќе министерства и претставници на премиерите на земјите од […]

Азески: Од ЕУ ни треба помош за владеење на правото, корупцијата и за инфраструктурата

март 10, 2017

„Инфраструктурата останува најголем приоритет, бидејќи таа е основа на сите приказни околу регионалниот развој и пораст, а ние на тој план многу малку имаме направено. Најмногу имаме направено на планот на автопатиштата, најмалку за инфраструктурата на железницата, а и гасификацијата мора да остане голем приоритет,“ изјави претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на […]

Интернационални бизнис-средби за фирмите од ИТ-секторот во Скопје

ноември 17, 2016

Вториот интернационален настан за деловни средби помеѓу фирми од секторот на информациони технологии „Гоу интернешнал – опен иновејшн ин ИКТ“ (Go International – open innovation in ICT”) ќе се одржи денеска и утре во Скопје. На дводневниот настан ќе учествуваат повеќе од 50 фирми од ИКТ-секторот кои доаѓаат од 13 земји. Фирмите преку одржување деловни […]

Економски коридори за поконкурентен Западен Балкан

мај 4, 2016

Инфраструктурата, конкурентноста, мобилноста и доброто управување се четирите приоритети на кои ќе се концентрираат владите од Западен Балкан со Регионалниот совет за соработка (РСС) во текот на годинава. Ова денеска го изјави генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, на конференцијата „Сараево бизнис-форум“, посветена на зголемување на соработката во индустрискиот сектор и на економската соработка со Кина. […]

ЕУ ќе го финансира енергетското поврзување со Албанија со 12 милиони евра

февруари 22, 2016

Европската унија ја потврди својата намера да обезбеди 12 милиони евра за поддршка на изградбата на првиот далновод за електрична енергија помеѓу Албанија и Македонија, за воведување на подобрувања на ефикасноста на мрежата, во рамки на инфраструктурата на МЕПСО. Коридорот Исток – Запад за пренос на електрична енергија треба да ги поврзе пазарите на Бугарија, […]

Страна 1 од 1