fbpx

Полицијата поднела пет прекршочни пријави за инцидентот меѓу навивачките групи кај ГТЦ

-

Скопската полиција привела 23 лица и поднела пет прекршочни пријави по вчерашниот инцидент кај Градскиот трговски центар (ГТЦ) во кој, според МВР, членови на навивачката група на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ и на „Комити“ го нарушиле јавниот ред и мир.

Според информациите на МВР, вчера околу 17.15 часот, додека навивачи на „Будуќност“ седеле во кафулињата на Кеј 13 Ноември, дошле неколку непознати лица и откако си размениле неколку навредливи зборови и пцости, почнале да се удираат со разни предмети што им биле на дофат од терасите на угостителските објекти.

Во инцидентот, според полицијат, биле повредни три лица, од кои еден скопјанец и двајца црногорски државјани од Подгорица. По укажаната помош во Градската општа болница, тие биле приведени во полициската станица Кисела Вода.

„Приведени се 23 лица, навивачи од Црна Гора. На пет лица, од кои четири црногорски државјани, сочинети им се записници за констатиран прекршок од законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, за што им се издадени и платни налози. Со лицето С.Т. (34) од Скопје извршен е службен разговор и нему му е сочинет записник за констатиран прекршок од истиот закон. Приведените црногорски државјани во 23.15 часот биле ослободени од ПС Кисела Вода и со придружба биле испратени до граничниот премин Блаце“, стои во информацијата за случајот на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...