fbpx

Инцидент во Новосадскиот саем за време на изборите во Србија, откриен „кол центар“ на СНС?

Пратеникот од Нови Сад Борислав Новаковиќ е пред влезот на Саемската сала во Нови Сад. Тој потсети дека на истото место е сместена и Градската изборна комисија, како и дека вечерва таму ќе се пребројуваат гласовите на жителите на Нови Сад

-

Претставници на опозицијата и активисти се туркаа со полицијата пред салата на Новосадскиот саем за време на денешните локални избори во Србија, јавува ТВ Н1. Опозиционерите се обиделе да влезат во салата каде, како што се сомневаат, се наоѓа „кол центар“ на Српската напредна странка (СНС). Додека опозиционерите и активистите се расправале со полицијата, од другата страна на салата, лицата кои биле таму побегнале носејќи со себе кутии со материјали.

Влезот во салата го забранувале припадници на полицијата и едно лице во цивилна облека.

Пратеникот од Нови Сад Борислав Новаковиќ е пред влезот на Саемската сала во Нови Сад. Тој потсети дека на истото место е сместена и Градската изборна комисија, како и дека вечерва таму ќе се пребројуваат гласовите на жителите на Нови Сад.

Дел од присутните луѓе во Новосадскио саем со трчање ја напуштаат салата од другата страна носејќи материјал | Принтскрин од видео на ТВ Н1

Граѓаните кои се на лице место бараат од присутните полициски службеници да ги пуштат да влезат внатре и да проверат дали се прави кривично дело.

Додека активистите се расправаа со полицајците, лицата кои биле внатре избегаа од другата страна носејќи ги со себе кутиите и материјалите.

Претходно на социјалните мрежи се појавија видеа од Саемот на кои се гледаат голем број помлади луѓе на бироа. Се претпоставува дека внатре се наоѓал кол центарот на Српската напредна странка.

Движењето „Крени-промени“ објави дека Новосадскиот саем се користи како центар за повици за Српската напредна странка. Како што се гледа на видеото, внатре има десетици луѓе, главно помлади луѓе, кои седат на бироа. По неколкуте снимки објавени на социјалните мрежи, на тоа место се појавија млади мажи облечени во црно, кои ги залепиле прозорците со селотејп за повеќе да не може да се види што се случува внатре.

„Новисадскиот саем беше претворен во кол центар на СНС. Само што ги посетивме, но тие се заклучени од сите страни“, се наведува во описот на видеото објавено од „Крени-премени“ на Инстаграм.

Реагираа и од Градскиот комитет на Српската напредна странка, од каде велат дека  околу 13 часот се случил брутален и деструктивен напад на јавниот имот на Нови Сад, а просториите легално и легитимно биле изнајмени од Српската напредна странка и таму се наоѓал нивниот кол центар.

„Овој кол центар работи и функционира традиционално на оваа локација, што е општо познат факт веќе неколку години, и работи во целосна согласност со сите законски прописи на Република Србија. Вандали и криминалци, околу 100-ина на број, се обиделе да упаднат во дотичните простории и во таа прилика ја срушија вратата, и уништија се пред себе“, наведува СНС.

Во Србија се одржуваат локални избори, во Белград се прегласува по скандалот во декември

ИзворТВ Н1

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...