fbpx

Еден домашен денар го зголемува БДП колку два денари странски инвестиции

-

Еден денар странски инвестиции го зголемува домашниот бруто-производ (БДП) во истиот квартал за 0,2 денари, а потоа ефектот е никаков. Еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, а еден денар вложен од државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Ова значи дека државните пари што биле потрошени на привлекување странски директни инвестиции би имале многу поголем ефект врз економскиот пораст, доколку биле потрошени на директни државни инвестиции. Ова го покажува истражувањето на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ), за ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија.

Вкупните трошоци од буџетот во 2009 година за привлекување странски директни инвестиции изнесувале 16.229.000 евра и споредено со 2014 година, зголемени се за 45 проценти и изнесуваат 23.455.000 евра.

Професорот на Економскиот факултет, Сашо Арсовски, вели дека ефектот на субвенционирани странски директни инвестиции врз македонската економија е дискутабилен, бидјеќи нема јавна информација за бројката за исплатени странски субвенции. Потребен е поголем ангажман на македонските компании во однос на опслужување на странските компании, за ефектите врз економијата и од субвенционирањето да бидат поголеми.

Според него, има разлики и во однос на земјите каде што се направени т.н. патувачки шоуа за привлекување инвестиции и од каде доаѓаат инвестициите.

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, истакна дека најголем проблем е што не постои транспарентен податок за субвенциите што државата ги дава за привлекување странски инвестиции и ако податоците се скриени, оставаат сомнеж за корупција.

– Субвенциите на странските компании остануваат најголема тајна. Потребен е транспарентен податок за да се направи вистинска анализа за ефектите. Ако се скриени податоците, единствено нешто што можеме да заклучиме е дека постои корупција – изјави Наумов.

На денешната конференција на тема „Ефектот на субвенционираните  странски директни инвестиции врз македонската економија“, иако биле поканети, немаше ниту еден претставник од државните институции освен државниот секретар во Агенцијата за привлекување странски директни инвестиции и промоција на извозот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...