Осигурителните производи ги нудат 440 лиценцирани брокери на пазарот

-

Пазарот на осигурителни производи се карактеризира со несовршени и асиметрични информации на страната на понудата и на побарувачката, како и со значителни трошоци за пребарување да се најде најдобар договор за осигурување. Во овој процес осигурителните брокери играат клучна улога во развојат на самата осигурителна дејност.

Ова денеска го истакна претседателот на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

– Во Македонија, посредниците имаат многу важна улога во посредувањето на осигурителни услуги, а тоа се согледува преку статистичките податоци каде на пазарот постојат 31 осигурително-брокерско друштво и преку 440 лиценцирани брокери со право да работат како посредници – вели Попоски.

Во структурата на каналите (директни и индиректни) на продажба, најголемо учество во продажбата зазема продажбата преку осигурителен брокер со 24,57 проценти.

Претседателот на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва, Златко Михајловски, истакна дека осигурителниот пазар во последните неколку години бележи континуиран пораст, што е позитивен тренд како за самата индустрија така и за граѓаните, спознавајќи ги потребите од осигурување.

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим,...