fbpx

Светска банка предвидува пораст на македонската економија со 3,7 проценти

Пораст на македонската економија од 3,7 проценти за оваа и зголемување на 4 отсто во 2017 година, предвидува Светска банка во нејзиниот најнов извештај. Невработеноста е намалена на 26,1 отсто, сиромаштијата за 2 отсто. - Најбрз пораст во 2015 година од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а...

Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

Трошоците на живот во март годинава, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Повисоките трошоци се должат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, јајцата...

Богов: Парите во случаи како „Панама пејперс“ најчесто се изнесени на нелегален начин

Македонските компании имаат можност да имаат сметка и да инвестираат во странство. Физичките лица, во согласност со Законот за девизно работење, немаат право да имаат сметки во странство и доколку во „Панама пејперс“ се појават такви лица, кои имаат само македонско државјанство, ќе треба да...

Потребни се измени во Законот за јавни набавки за да се спречи фаворизирање на фирми

„Транспарентност Македонија“ предлага да се измени Законот за јавни набавки и да се предвидат механизми за контрола врз целиот процес на јавни набавки, од објавување на огласот до изборот на понудувачот и целосната реализација на набавката, за да се спречи фаворизирање на одредени фирми. Со тоа,...

ТМ: Надлежните да спроведат истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите

Изјавата на белгискиот експерт Питер Ванхауте дека постојат силни индиции за злоупотреба и за корупција при трошењето на дури 40 отсто од средствата од ИПА-фондовите кои ѝ биле доделени на Македонија, е уште еден финансиски скандал што ги потврди сериозните сомневања кај невладиниот сектор во земјата и...

„Макпетрол“: Регулаторната комисија нè присилува да вршиме складирање нафта

„Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика, освен што е незаконски, има и елементи на присила бидејќи го продолжи важењето на постојната лиценца на „Макпетрол“ АД - Скопје за уште една година, без да побараме такво нешто“, се вели во реакцијата на компанијата во врска...

Потпишан договорот за концесија за рудниците Злетово и Тораница

Владата и новиот концесионер на рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“, го потпишаа договорот за концесија, со што 1.000 рудари ќе се вратат на работа. Новиот инвеститор најави и нови вработувања и големи инвестиции во нова и современа опрема. - По завршувањето на стечајната постапка,...

Се спроведува истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите

Европската канцеларија надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија (ОЛАФ) ќе спроведе истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите во Македонија, потврдиле од канцеларијата за „Радио Слободна Европа“. Истрагата е во тек и сè уште не можат да кажат за колкава сума се работи. Белгискиот...

Потпишан договор за соработка меѓу бизнис-заедниците на Македонија и на Грција

Грција и Македонија ја интензивираат соработката меѓу бизнис-заедниците со нов договор за соработка меѓу стопанските комори на двете земји. Договорите во понеделникот ги потпишаа претседателот на Регионалната комора при Стопанската комора на Македонија, Горан Рафајловски, и претседателот на Асоцијацијата на бизнисмени во Солун, Јанис Мандринос. Мандринос во...

Наумов: Гувернерот Богов не кажува дали имало одлив на средства кон офшор-сметки

„Во ситуација кога целиот свет е на нозе по објавата на таканаречените „Панама пејперс“, кога премиерот на Исланд поради протечените информации веќе си поднесе оставка, најодговорниот во државата за контрола на одлив и на прилив на средства од странство, гувернерот Димитар Богов, не кажа...

Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во Источна Европа

„ТАВ Македонија“ вторпат го доби престижното признание на „Скајтракс“ (Светски аеродромски награди), со кое „Александар Велики“ е рангиран меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа. Скопскиот аеродром годинава се најде на деветта позиција на листата од 10 аеродроми во Источна Европа, во категоријата најдобри аеродроми според...

„Мосак Фонсека“: Никој не известува за хакерскиот упад

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ која е во центарот на скандалот „Панама пејперс“, изјави дека неговата компанија е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на сите светски лидери и познати личности што ги...

РЕК: Лиценцата на „Макпетрол“ за складирање горива е продолжена за една година

Регулаторната комисија за енергетика  ја продолжи лиценцата на „Макпетрол“ АД - Скопје за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива. Оттаму велат дека задоцнувањето е поради обемност на документацијата потребна за постапката за лиценцирање, како и сложеноста на нејзиното обезбедување од други надлежни институции. Според РЕК, лиценцата...

Грчките мали и средни претпријатија размислуваат за заминување од Грција

Лошата бизнис-клима и високите даноци сè повеќе ги тераат грчките компании да размислуваат за преселба на активностите во странство. Истражувањето на Институтот „Ендевор Грис“ (Endeavor Greece) покажува дека во моментов 9.000 помали грчки компании размислуваат за заминување од државата. Според истражувањето, најголема причина за тоа е...

Претседателот Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит во Истанбул

Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит на Фондацијата „Мармара“ во Истанбул, на 6 и на 7 април 2016 година. Иванов ќе се обрати на свеченото отворање, а ќе има и свое обраќање на претседателската сесија. Во делегацијата предводена од македонскиот претседател, за...

Во Тетово избрани општествено-одговорни компании

Седумнаесет компании од тетовскиот регион, од Општина Тетово добија плакети за општествена одговорност во нивното работење, во текот на 2015 година. Изборот го направи тетовскиот Локален економски совет. Компаниите давале финансиска помош на студенти, придонеле за развој на спортот, вклучувале ученици во практика, вработувале лица...

Новите апоени од 200 и од 2.000 денари ќе излезат кон крајот на годинава

Новите банкноти од 200 и 2.000 денари треба да бидат пуштени во оптек кон крајот на оваа или на почетокот од следната година, информираат од Народна банка. Одлука за официјалното пуштање во промет треба да донесе Советот на Народна банка, а подготовките се сè уште во тек. Избрана...

Извозот и увозот во првите два месеци од годинава зголемени во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 696.379.000 долари и бележи пораст од 3,2 отсто во однос на истиот период од минатата година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 913.375.000 долари, што е за 3 отсто повеќе во...

Тасева: Да не се прејудицира туку да се провери дали има Македонци поврзани со „Панама пејперс“

„Не треба да се прејудицира дека доколку Македонци имаат сметки во Панама, тие се поврзани со нелегални пари. Сепак, тоа треба да се провери. Новинарите и истражувачите ќе ги прават достапни информациите етапно и по фази и тогаш треба да се види дали воопшто...

Француската десничарка Марин ле Пен вмешана во аферата „Панама пејперс“

Соработниците на лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин ле Пен, воспоставиле офшшор-систем на релација Хонг Конг - Сингапур - Девствени Острови - Панама, тврди францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на новооткриените документи за глобалните финансиски малверзации, т.н. „Панама пејперс“. „Монд“ наведува дека...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...