Извозот и увозот во првите два месеци од годинава зголемени во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 696.379.000 долари и бележи пораст од 3,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 913.375.000 долари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 216.996.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и од челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и со Бугарија.