fbpx

„Мосак Фонсека“: Никој не известува за хакерскиот упад

-

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ која е во центарот на скандалот „Панама пејперс“, изјави дека неговата компанија е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на сите светски лидери и познати личности што ги криеле парите во даночните оази.

Адвокатот на фирмата од каде што протекоа документи за регистрирање на офшор-компании, за агенцијата АП изјавил дека по повод хакирањето, поднел тужба до панамското обвинителство, но не сакал да изнесува повеќе податоци бидејќи истрагата е во тек.

Фонсека посочил дека никој од медиумите не пишува за хакирањето, што, според него, е единствено кривично дело што е направено во случајот.

Тој се пожалил дека медиумите во известувањето за 11,5 милиони документи украдени од компјутерскиот систем на „Мосак Фонсека“ се фокусирале на познатите клиенти кои преку нив основале офшор-компании.

– Не ми е јасно. Светот изгледа прифати дека приватноста не е една од човековите права – изјавил тој.

Според него, неговата компанија не направила никакво злосторство, а луѓето „по оваа песочна бура јасно ќе прогледаат“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...