fbpx

Македонија на 65. место според индексот на просперитет, од 142 земји

Македонија се наоѓа на 65. место од 142 држави во светот, според индексот на просперитет што го објави британскиот институт „Легатум“. Земјата се наоѓа на 86. место во економија, 57. позиција во претприемништво и можности, 70. место во политика, на 74. позиција во образование, 50....

Расправата за буџетот во Собранието закажана за 16 ноември

Расправата за буџетот е закажана за 16 ноември во 12 часот. - Владата го достави дополнетиот предлог за буџетот за 2016 година до Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, свика нова пленарна седница за 16 ноември во 12 часот - соопштија од кабинетот на...

СДСМ: УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радио-дифузна такса

Со кое право УЈП се заканува на повеќе од 27.000 граѓани и фирми, дека ќе им ја блокира трансакциската сметка заради наплата на радио-дифузна такса, прашуваат од опозицискиот СДСМ. Според партијата, од последните податоци од листата на должници, Советот за радио-дифузија должи близу 800.000 евра. - МТВ,...

Сивата економија во државата изнесува 26 проценти

Сивата економија во државата може да изнесува и до 26 проценти, иако податокот до кој дојдовме вели дека тој процент е 22,5 отсто, истакна првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски. Поради ова, ССМ во следниот период ќе почне со кампања против непријавената...

Земјоделците сè повеќе ги осигуруваат посевите

Годинава се потпишани 3.784 полиси за осигурување во земјоделството, а бруто-износот на полисираната премија изнесува 181 милион денари. Осигурувањто е повисоко за 63 проценти во однос на минатата година. Ова денеска го истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески, по повод денот на осигурувањето. Почнувајќи од 2008 година, Владата...

Бензините поевтинуваат за еден денар

Цените на бензините и на дизел-горивото ќе се намалат за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 62 денари, „еуросуперот БС-98“ ќе се продава за 64 денари за еден литар, а еуродизелот ќе чини 49,5 денари.

„Фајненшал тајмс“: Шведска ќе забрани плаќање со готовина

Шведска би можела да забрани употреба на готовина и целиот систем да се потпира на безготовинско плаќање, пишува „Фајненшал тајмс“. Според овој медиум, логиката на шведските власти е јасна - помалки пари во готовина значи и помалку вооружени грабежи. Помалу пари во оптек, воедно е и...

УЈП ќе почне со блокирање сметки за заостанати долгови за ТВ-такса

УЈП ќе почне со присилна наплата и со блокирање на сметките на граѓаните што имаат заостанати долгови за радио-дифузна такса. - Се повикуваат граѓаните што имаат заостанати долгови за радио-дифузна такса, да ги платат во најкраток можен рок, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и...

ЕУ: Дополнителни 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан

Европската унија соопшти дека ќе даде дополнителна помош од 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан, за подобро да се соочат со претстојната зима. Европскиот комесар за хуманитарни прашања, Кристос Стилијанисед, го посети кампот северно од Аман, во кој се сместени 80.000 сириски бегалци. -...

Барателите на азил ќе ја чинат Норвешка една милијарда евра

Норвешката влада очекува дека во 2016 година азил ќе побараат 33.000 мигранти, што е трипати повеќе од годишниот просек изминатите неколку години. Владата проценува дека големиот број мигранти државата ќе ја чинат една милијарда евра, што е многу поголем износ од планираниот буџет. За да ги...

Граѓаните сè помалку штедат

Депозитниот потенцијал на банките е 4,7 милиони евра и на годишно ниво тој се зголемува за 6 проценти. Кај компаниите тој пораст е речиси 7 проценти. Ова денеска беше истакнато по повод Светскиот ден на штедењето, кое 17 години го одбележува Здружението на банкарството при Стопанската...

Бројот на работници во индустријата во септември поголем за 1,2 отсто во однос на лани

Бројот на работници во индустријата е поголем за 1,2 отсто во септември годинава во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во овој период, бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 2,8 проценти, а пораст бележат секторот преработувачка индустрија од...

Зголемен прометот во трговијата на мало

Во септември 2015 година, споредено со истиот период лани, гледано по групи и по класи, зголемување на прометот е забележано во групата трговија на мало за 1 процент, освен трговија со горива. Намалување на прометот е забележано во групата трговија на мало со храна, пијалаци и со...

Пет мали хидроцентрали пуштени во употреба

Пет мали хидроцентрали, вклучени во системот за наводнување на реката Бошава, беа пуштени во употреба. Од овој систем ќе се обезбеди водоснабдување на општините Кавадарци, Росоман и Неготино. - Ова е прв проект, во рамките на кој, преку јавно-приватно партнерство, стекнавме концесија, ги добивме сите потребни дозволи и...

Граѓаните ќе се информираат за земањето станбен кредит преку брошури

Народна банка промовираше брошура за граѓаните, која е водич при земање станбен кредит. Главната цел е да се подигне свесноста на граѓаните што значи земање кредит и да им се објасни целиот процес при донесување одлука. - Важно е граѓаните да знаат колкав износ на...

Дебата на Македонска берза: Каматните стапки се доближуваат до нула

Македонската берза организираше дебата на тема „Време на ниски каматни стапки“, при што беше истакнато дека каматните стапки на локално, регионално и на глобално ниво се намалуваат и се доближуваат до нула. Генералниот директор, Иван Штериев, истакна дека и покрај намалувањето на каматите за штедење...

„Дојче банк“ со рекордна загуба од 6 милијарди евра, ќе отпушти 9.000 вработени

Најголемата германска банка „Дојче банк“, во третиот квартал евидентираше рекордни загуби поради високите судски трошоци, како и отпис на вредноста на т.н. нематеријален имот и удел во една од кинеските банки, пишува „Њујорк тајмс“. Во период од јули до септември, нето-загубата на „Дојче банк“ достигнал...

„Бентли“ повлекува 27.640 автомобили со фабричка грешка

Британскиот произведувач на луксузни возила „Бентли“, кој е дел од групацијата „Фолксваген“, објави дека повлекува 27.640 автомобили поради потенцијално неисправни кабли за акумулатори. Повлекувањето се однесува на моделите „континентал ГТ, „гтц“ и „флај спур“, кои се произведени меѓу февруари 2011 и јуни 2014 година. На...

Замрзнати руските акции во „Јуроњуз“

Руското сопствеништво во „Јуроњуз“ е замрзнато врз основа на одлуката на судот поради тужбата што против Москва ја подигнаа акционерите на поранешниот нафтен гигант „Јукос“. Пјотр Федоров, извршен директор на руската медиумска организација ВГТРК, потврди за „РАИ Новости“ дека се замрзнати 7,5 отсто од акциите што ги...

Груевски не го чита „Економист“: Најсиромашните најбрзо напредуваат на листата „Дуинг бизнис“

Премиерот Никола Груевски, на прес-конференција, извештајот „Дуинг бизнис“ го нарече „нов и значаен успех за државата“ и рече дека тој „потврдува дека сме лидери за водење бизнис во регионот, во Европа и во светот“. Според премиерот, успехот на Македонија во извештајот „се должи на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...