fbpx

„Фајненшал тајмс“: Шведска ќе забрани плаќање со готовина

-

Шведска би можела да забрани употреба на готовина и целиот систем да се потпира на безготовинско плаќање, пишува „Фајненшал тајмс“.

Според овој медиум, логиката на шведските власти е јасна – помалки пари во готовина значи и помалку вооружени грабежи. Помалу пари во оптек, воедно е и помош за државниот буџет, бидејќи на тој начин ќе има помалку затајување даноци.

Имено, банките во таа земја ги пријавуваат граѓаните кои користат многу пари кеш во полиција, сомневајќи се дека станува збор за тероризам или криминал.

И локалните медиуми во Шведска пишуваат дека таа ќе биде прва држава во Европа што ќе забрани плаќање во готовина, бидејќи настојува плаќањето да биде исклучиво по електронски пат.

Но, најголем дел од Швеѓаните стравуваат дека во тој случај, нивните пари нема да им бидат во целост на располагање. На пример, за време на финансиска криза, не би можеле да си ги повлечат парите од банките, што значи дека ќе мора да ги потрошат или да им ги остават на банките на располагање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...