fbpx

Граѓаните ќе се информираат за земањето станбен кредит преку брошури

-

Народна банка промовираше брошура за граѓаните, која е водич при земање станбен кредит. Главната цел е да се подигне свесноста на граѓаните што значи земање кредит и да им се објасни целиот процес при донесување одлука.

– Важно е граѓаните да знаат колкав износ на кредит можат да земаат, да знаат како да ги пресметаат вкупните трошоци, да одлучат дали да земаат денарски или девизен кредит, да ги знаат ризиците што тој ги носи, да ги споредат трошоците кај различни банки и да изберат соодветен рок на отплата – изјави гувернерот Димитар Богов.

Според Богов, и економски образованите граѓани тешко може да ги препознаат скриените трошоци на кредитите и потенцијалните ризици. Оттука произлегува и важноста за информираноста за ризиците од долгорочните задолжувања.

Брошурата е испечатена во 10.000 примероци и ќе биде дистрибуирана во сите ескпозитури на банките.

Овој водич е во рамките на проектот на Народна банка за финансиска едукација, а е финансиран од  ЕФЈЕ ( Европски фонд за Југоисточна Европа – European Fund for Sothest Europe).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...