fbpx

Граѓаните сè помалку штедат

-

Депозитниот потенцијал на банките е 4,7 милиони евра и на годишно ниво тој се зголемува за 6 проценти. Кај компаниите тој пораст е речиси 7 проценти.

Ова денеска беше истакнато по повод Светскиот ден на штедењето, кое 17 години го одбележува Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.

Гувернерот Димитар Богов посочи дека банкарскиот сектор ја задржа стабилноста, но се случија два шока кои влијаеле врз намалување на штедните влогови на граѓаните.

– Македонските граѓани имаат традиција и навика на штедење и тоа постојано се зголемува. Во септември, споредено со истиот период лани, има пораст од пет проценти. Тоа е солиден пораст, но ако споредиме колку беше во септември минатата година, ќе видиме дека тогаш порастот во однос на 2013 година беше 8 проценти. Ако споредиме со декември минатата година, ќе видиме дека новиот пораст оваа година изнесува 3,6 милијарди денари, што можеби изгледа високо, но во првите девет месеци од минатата година изнесуваше 10 милијарди. Значи, има еден дел кој недостига и тоа штедење не исчезнало, туку е кај граѓаните и недостига во банкарскито сектор – истакна Богов и ги повика банките да се обидат да го вратат тоа штедење во банкарските канали.

Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, кај денарските во однос на девизните депозити има констатно поголем пораст кој изнесува 8,5 проценти.

– Тоа укажува на голема сигурност, стабилност и на доверба во домашната валута, независно од сите политички случувања – изјави Ставрески.

Денарските депозити изнесуваат 56 проценти од вкупните депозити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...