fbpx

Замрзнати руските акции во „Јуроњуз“

-

Руското сопствеништво во „Јуроњуз“ е замрзнато врз основа на одлуката на судот поради тужбата што против Москва ја подигнаа акционерите на поранешниот нафтен гигант „Јукос“.

Пјотр Федоров, извршен директор на руската медиумска организација ВГТРК, потврди за „РАИ Новости“ дека се замрзнати 7,5 отсто од акциите што ги имале во „Јуроњуз“.

Сè уште не е јасно кој суд и во која земја ја донел одлуката.

Арбитражата на трибуналот во Хаг во јули 2014 година пресуди дека Русија мора да плати оштета од 45 милијарди евра на поранешните акционери на „Јукос“, кој е ликвидиран по апсењето на неговиот сопственик Михаил Ходорковски во 2003 година.

Русија ја отфрли одуката, поради што рускиот државен имот во Франција и во Белгија е привремено блокиран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...