fbpx

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин продадени за 1,2 милиони долари

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин, дело на белгискиот автор Ерже, биле продадени на аукција во Хонг Конг за 9,6 милиони хонгконгшки долари, односно за 1,2 милиони американски долари, пренесува „Би-Би-Си“. Цртежите на белгискиот стрип-автор се од неговата книга „Синиот лотус“, чие дејство е сместено во...

Почина пејачката Уснија Реџепова

На 69-годишна возраст, почина кралицата на народна музика, Уснија Реџепова. Таа три години се бореше со рак на белите дробови, а последните месеци била на болничко лекување. Во понеделникот ситуацијата значително ѝ се влошила.  

„Виноскоп 2015“ ќе почне на 30 септември

Фестивалот во чест на виното, „Виноскоп 2015“,  ќе се одржи по девети пат, од 30 септември до 4 октомври. Покрај големата понуда на вина и на деликатеси, во рамките на фестивалот ќе има и богата музичка програма. Публиката ќе слушне шлагери, рок, популарна музика, филхармонија со преработки на...

Ретроспективата на Манчевски во Бразил

Во Бразил почна ретроспективата на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Неговите филмови „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ ќе бидат прикажани како дел од едукативната и културна кино-дебата за човекови права (Human Rights Cinedebate) на бразилскиот Федерален универзитет на Рио Гранде до Сул. Ретроспективата почна со...

Боно Вокс се збогати преку „Фејсбук“

За 56 милиони фунти, Боно Вокс во 2009 година купил 2,3 отсто удел во акциите на „Фејсбук“. Вредноста на неговите акции денес се искачила на вртоглави 940 милиони фунти. Тоа значи дека водачот на бендот „Ју ту“ во последните шест години, врз основа на тоа заработил...

Почина режисерот Вес Крејвен, творецот на култниот „Кошмар во улицата на брестовите“

Американскиот режисер на хорор-филмови, Вес Крејвен, творец на култниот серијал „Кошмар во улицата на брестовите“, вчера починал во својот дом во Лос Анџелес, на возраст од 76 години, јавуваат медиумите во САД. Според медиумските извештаи, Крејвен починал од тумор на мозокот. Тој го напиша и го...

Интернационален џез викенд во Прилеп

На големо задоволство на прилепските љубители на најслободната музичка форма и воопшто на урбаното живеење, последните денови од месец август, 27, 28 и 29 во Прилеп се организира Џез Викенд, манифестација која нуди богата програма со настап на повеќе изведувачи од европските простори. Овај фестивал...

Откажан вториот концерт на „Лајбах“ во Северна Кореја

Вториот концерт на групата „Лајбах“ во Пјонгјанг е откажан поради технички причини, јавува словенечката агенција „СТА“. „Лајбах“ синоќа влезе во историјата како прв бенд од Западот кој одржал концерт во главниот град на Северна Кореја. Групата, како што пренесуваат светските медиуми, добила овации на првиот од...

Внуката на Морган Фриман избодена до смрт на Менхетан

Внуката на американскиот актер Морган Фриман, ноќеска е пронајдена избодена до смрт на улица на Менхетан во Њујорк. Полицијата околу три часот по полноќ добиле повил за помош, а потоа ја пронашле Едина Хајнс (33), со повеќекратни прободни рани на градите. Прогласена е за мртва...

Осмото издание на „Пиволенд“ ќе се случува од 2 до 6 септември

Гурманскиот викенд со пиво, „Пиволенд“, ќе се одржи осми пат во Скопје, од 2 до 6 септември. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во повеќе од 30 пивски брендови, како и во гурмански специјалитети. Манифестацијата ќе трае пет дена, а ќе има многу забава и дегустација на пиво. Фестивалот, кој...

Прв меѓународен салса-фестивал ќе се одржи во Охрид

Охрид ќе биде домаќин на првиот Меѓународен салса-фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“. Настанот ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, од 21 до 23 август, во хотелот „Конгресен центар“, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и од неколку балкански...

Софија Вергара во „Симпсонови“

Глумицата Софија Вергара ќе го позајми својот глас во серијата „Симпсонови“. Американско-колумбиската ѕвезда ќе ја игра професорката Барера во една епизода од 27. сезона на хит-серијата. Во Барера ќе биде заљубен Барт Симпсон и неговиот учител Скинер. Вергара е ѕвезда во серијата „Модерна фамилија“ и е најплатена...

Балканските ѕвезди со настапи во Источна Македонија

Македонскиот исток наредниот месец ќе биде домаќин на три големи балкански музички ѕвезди и покрај јавно искажаното негодување на дел од граѓаните, според кои, просторот треба да им се даде на домашните имиња. По концертот во Охрид, Здравко Чолиќ ќе пее во Берово вечерта...

Морисеј во Скопје на 16 октомври

Концерт во Скопје на 16 октомври ќе одржи британската рок-легенда Морисеј. Концертот ќе се одржи во СРЦ „Кале“.

Се снима нов филм за Петар Пан

Иако досега се направени голем број екранизации на приказната за Петар Пан, најновата од нив е на режисерот Џо Рајт, познат по филмовите „Ана Каренина“ и „Гордост и предрасуди“. Филмската приказна не го следи оригиналот според романот на Џејмс Метју Бари, па во филмот двајцата лути противници,...

„Грин бич фестивал“ на 1 август во Охрид

Дводневно, шесто издание на „Грин бич фестивал“ годинава се најавува во Охрид, пренесе Радио МОФ. Покрај настапот на светски познатиот диџеј и продуцент Фед ле Гранд, на 31 јули на плажата Парк, на истата локација на 1 август се најавува настапот на Кирил Џајковски и ТК...

Раперот Снуп Дог уапсен во Шведска под сомнеж дека возел дрогиран

Американскиот рапер Снуп Дог бил уапсен од шведската полиција, под сомневање за користење илегални дроги по неговиот концерт во Упсала, Шведска, пренесува „Хафингтон пост“. Раперот бил ослободен откако му бил направен тест за дрога. Како што јавува „Хафингтон“, Снуп Дог на „Инстаграм“ поставил неколку објави во врска со...

Сеп Блатер избањат во пари

Неидентификувано лице упадна на прес-конференцијата на ФИФА и го посипа со пари сега поранешниот претседател на светската фудбалска федерација, Сеп Блатер. Обезбедувањето веднаш го отстранило лицето од прес-конференцијата, а на социјалните медиуми се појави информација дека банкнотите се лажни. Провокацијата, наводно, ја направил комичарот Сајмон Бродкин...

Почина извршниот директор на „Нинтендо“, Сатору Ивата

Извршниот директор на јапонскиот производител на видеоигри „Нинтендо“, Сатору Ивата, починал од рак на 55-годишна возраст, јавуваат денеска светските медиуми. Ивата минатата година бил подложен на хируршки зафат, по што продолжил со секојдневните должности по краткиот период на закрепнување. Високо почитувана личност на јапонскиот пазар на...

„Д фестивал“ во Дојран ќе почне следната недела

За седум дена во Дојран ќе почне „Д фестивал“. На трите сцени ќе има повеќе од 30 артисти, групи и многу диџеи. Главната програма се случува на паркиралиштето Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран. Тука ќе биде поставена голема сцена со сè што е потребно...