fbpx

Прв меѓународен салса-фестивал ќе се одржи во Охрид

-

Охрид ќе биде домаќин на првиот Меѓународен салса-фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“. Настанот ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, од 21 до 23 август, во хотелот „Конгресен центар“, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и од неколку балкански земји.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно 13 артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници, десет инструктори и тројца познати латино-диџеи. Ќе се изучуваат техниките и тајните на сите кубански танци, како салса, румба, оришас, регетон, руеда де казино и многу други.

Фестивалот официјално ќе го посетат околу 200 гости од Македонија и од странство, од кои голем дел доаѓаат од европските земји.

Организаторите очекуваат настанот „Хола Охрид“ да ја одбележи 2015 година на македонската танцова сцена, како и да прерасне во традиционален забавен викенд-настан во Охрид.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...