fbpx

Повеќе од 50 загинати и 89 ранети во бомбашки напад на пазар во Багдад

-

Повеќе од 50 лица загинале во бомбашки напад што утрово се случил на пазар во Багдад, соопштиле ирачките власти, јавуваат светските агенции.

Според информациите, нападот бил извршен на пазарот Јамела во Садр Сити, област во североисточниот дел на ирачката престолнина.

Како што јавуваат агенциите, според првичните информации на полицијата и на болничките служби, во експлозијата се убиени најмалку 58 лица, а 89 се повредени.

Инаку, Садр Сити е област со претежно шиитско население и во изминатиот период беше цел на серија бомбашки напади извршени од милитантната сунитската група Исламска држава (ИД).

Засега никој не ја презел одговорноста за денешниот напад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...