fbpx
Таг: бомбашки напад

таг: бомбашки напад

Во бомбашки напад врз џамија во Етиопија, 24 лица се повредени

Најмалку 24 лица се повредени во бомбашки напад за време на молитва, во најголемата џамија во претстолнината на Етиопија, Адис Абеба. Министерот за образование Гетачев Реда изјави дека, властите не се сигурни кој е одговорен за нападот и дека истрагата е во тек. Иако има распоредени трупи во Сомалија кои се борат против милитантните групи, Етиопија до сега беше поштедена од...

Камерун: Десетмина загинати во самоубиствен напад

Најмалку десет лица загинаа, а десетици се повредени во самоубиствениот бомбашки напад во северниот дел на Камерун, во близина на границата со Нигерија. Локалните медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, јавуваат дека зад нападот стојат припадници на терористичката група Боко харам, која ѝ изрази верност на Исламска држава и најави воведување калифат.

Бројот на загинати во Турција се зголеми на 97

Бројот на загинати лица во самоубиствените бомбашки напади што ги извеле двајца мажи во Анкара се зголеми на 97, се вели во соопштението од канцеларијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Турските власти соопштија дека полицијата уапсила четворица осомничени припадници на Исламска држава во рацијата што ја спровеле во турскиот град Адана. Во соопштението не е наведено дали апсењата се поврзани со самоубиствените бомбашки напади на...

Уапсен главниот осомничен за бомбашкиот напад во Банкок

Тајландските власти уапсиле маж за кој се верува дека е главниот осомничен за бомбашкиот напад што пред две недели се случи во главниот град на земјата, а во кој загинаа 20 лица, соопштил премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча, јавуваат светските агенции. Според премиерот Чан-оча, станува збор за странски државјанин кој бил уапсен во источниот дел на Тајланд, во провинцијата Са Каео,...

Нападот во Банкок не е дело на меѓународна терористичка група

Бомбашкиот напад што се случи во понеделникот во главниот град на Тајланд, Банкок не е дело на некоја меѓународна терористичка група, соопштиле властите во земјата, јавува „Би-Би-Си“. Портпаролот на владејачката воена хунта во земјата, полковникот Винтаи Суваре изјавил дека тоа бил прелиминарниот заклучок на истражните тимови за експлозијата во светилиштето Ераван во центарот на Банкок, во која загинаа 20 луѓе. Од...

Бомбашки напад на зградата на египетската државна безбедност

Зградата на египетската државна безбедност во Каиро, утрово била цел на напад со автомобил бомба, соопшти министерството за внатрешни работи на Египет, јавуваат светските медиуми. Според првичните извештаи, во експлозијата на автомобилот-бомба биле повредени шест полицајци, а додека информации за загинати нема. Експлозијата оставила кратер на улицата пред зградата на државната безбедност, а според сведочењата на жителите на областа Шубра,...

Повеќе од 50 загинати и 89 ранети во бомбашки напад на пазар во Багдад

Повеќе од 50 лица загинале во бомбашки напад што утрово се случил на пазар во Багдад, соопштиле ирачките власти, јавуваат светските агенции. Според информациите, нападот бил извршен на пазарот Јамела во Садр Сити, област во североисточниот дел на ирачката престолнина. Како што јавуваат агенциите, според првичните информации на полицијата и на болничките служби, во експлозијата се убиени најмалку 58 лица, а...

Седумнаесет загинати во бомбашки напад на џамија

Најмалку 17 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад на џамија на југот на Саудиска Арабија, јави саудиската државна телевизија. Нападот се случил во јужната провинција Асир, која се наоѓа југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен. Во џамијата имало припадници на единиците за државна безбедност – специјални сили за вонредни ситуации, јавуваат локалните медиуми. Сите загинати се припадници на единицата.

Шестмина загинати во бомбашки напад на талибанците во Авганистан

Најмалку шест луѓе загинале, од кои тројца полицајци, а 13 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случи на истокот на Авганистан, јавуваат медиумите. Како што пренесува „Би-Би-Си“, приколка полна со експлозив била детонирана пред полициска станица во Пули Алам, главен град на провинцијата Логар, соопштиле локалните власти. Одговорноста за нападот ја презеле талибанските милитанти, кои соопштиле дека цел...

Двајца турски војници загинале, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад

Двајца припадици на турските безбедносни сили се убиени, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во близина на градот Догубајазит, во провинцијата Агри, близу турската граница со Иран, соопштија претставници на локалните власти. Нападот се случил во 3 часот според локално, односно околу полноќ според средноевроско време. Според турските медиуми, трактор натоварен со два тони експлозив бил детониран од бомбаш-самоубиец,...

Турски студент го извршил бомбашкиот напад во Суруч

Дваесетгодишен турски студент е идентификуван како извршител на самоубиствениот бомбашки напад што во понеделникот се случи во турскиот град Суруч, во близина на границата со Сирија, а во кој загинаа 32 лица, соопштиле денеска властите во земјата, пренесуваат медиумите. Напаѓачот, кој според локалните медиуми бил именуван како Сејх Абдурахман Алагоз, бил со курдско етничко потекло од југоисточната провинција Адијаман и, според...

Бомбашки напад на пазар во Авганистан

Најмалку 15 лица загинаа кога бомбаш-самоубиец се разнесе на пазар во областа Алмар, на северот на Авганистан. Меѓу загинатите има жени и деца, а околу 40 лица се повредени. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Давутоглу: Турција ќе ја зголеми безбедноста на границата со Сирија

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, соопштил и дал уверување дека Турција ќе ги зголеми безбедносните мерки на границата со Сирија по вчерашниот бомбашки напад во градот Сурук, во кој загинаа 30 луѓе, јавуваат медиумите. Турските истражни органи сметаат дека експлозијата била предизвикана од жена-самоубиец од редовите на Исламска држава (ИД). Во бомбашкиот напад, кој се случи вчера, настрада група млади активисти, кои...

Во напад на воена база во Авганистан, убиени 33 лица, од нив 27 цивили

Најмалку 33 лица, од кои повеќето жени и деца, се убиени во самоубиствен бомбашки напад што синоќа се случил во близина на воена база во Авганистан, јавуваат светските агенции. Бомбашот-самоубиец детонирал експлозивна направа на контролен пукнт во близина на базата Камп Чепмен, што порано ја користела Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), во источната авганистанска провинција Кост. Инаку, Камп Чепмен беше...

Повредени 17 цивили во нов бомбашки напад во Кабул

Седуманесет цивили биле повредени во напад на бомбаш-самоубиец, што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, пренесуваат светските медиуми. Според информациите, бомбаш-самоубиец со возило влетал во конвој на трупи на НАТО, кој се движел по главниот пат кон аеродромот во Кабул, во близина на амбасадата на САД и допломатскиот кврат во градот. Официјални претставници на министерството за здравство на Авганистан...

Боко харам искористи дете за самоубиствен напад

Девојче, за кое се верува дека не е постаро од осум години, почина откако било принудено да изврши самоубиствен напад во Нигерија. Во експлозијата загинаа уште седум лица, а 19 се повредени. Нападот се случи на пазар во градот Потискум, на североистокот на земјата. Бомбата била детонирана додека девојчето со експлозивната направа стоело во близина на контролата на влезот на пазарот. Иако...

Петнаесет загинати во самоубиствен напад во Нигерија

Петнаесет лица биле убиени, а најмалку 11 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што вчеравечер се случил во близина на пазар во градот Гомбе на северот на Нигерија, пренесуваат светските медиуми. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но како што пренесуваат медиумите, Гомбе досега неколкупати бил цел на бомбаши-самоубијци. Радикалната милитантна организација Боко харам последните неколку месеци изврши напади...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...