fbpx

Двајца турски војници загинале, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад

-

Двајца припадици на турските безбедносни сили се убиени, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во близина на градот Догубајазит, во провинцијата Агри, близу турската граница со Иран, соопштија претставници на локалните власти.

Нападот се случил во 3 часот според локално, односно околу полноќ според средноевроско време.

Според турските медиуми, трактор натоварен со два тони експлозив бил детониран од бомбаш-самоубиец, пред станица на воената полицијата.

Локалните власти соопштиле дека одговорни за нападот се милитанти на Курдската работничка партија (ПКК), против која турската армија од 24 јули спроведува воздушни напади од двете страни на турско-ирачката граница.

Сепак, како што јавува „Би-Би-Си“, гувернерот на областа каде се случил нападот, не соопштил како и врз основа на што ја идентификувале ПКК како одговорна за експлозијата.

Од ПКК засега нема коментар за нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...