понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ПКК | 27 резултати

Шест полицајци повредени при експлозија на бомба во Турција

јуни 14, 2016

Шест полицајци се повредени при експлозија на бомба во Источна Турција, јавуваат турските медиуми. Импровизираната експлозивна направа била активирана и експлодирала во моментот кога оклопно полициско возило минувало покрај неа, во близина на градот Гаваш. Се верува дека нападот е изведен од Курдската работничка партија.

ПКК веројатно го урнала турскиот воен хеликоптер

мај 19, 2016

Курдската работничка партија (ПКК) најверојатно е одговорна за минатонеделниот пад на турскиот воен хеликоптер, при што загинаа осум војници, соопштија денеска турската војска. Како што се наведува во соопштението, хеликоптерот бил погоден со ракета земја-воздух, која најверојатно била истрелана од припадници на ПКК. Турските медиуми јавуваат дека се уште е во тек истрагата за уривањето […]

Запленети три тони експлозив во Турција

април 13, 2016

Турската полиција пронашла три тони експлозив во минибус во источнотурскиот округот Мардин, јавува весникот „Хуриет“. Се претпоставува дека експлозивот бил наменет за Работничката партија на Курдистан (ППК). Весникот јавува дека полициска патрола, која вршела рутинска контрола, се обидела да го запре минибусот во градот Јешили, но возачот одбил да застане. Полицијата отворила оган кон возилото, […]

Напад со автомобил бомба на југоистокот на Турција

април 12, 2016

Возило полно со експлозив удрило во база на турската жандармерија во градот Јани, кој е претежно населен со Курди. Во експлозијата загина едно лице, а 47 се повредени. Експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на околните згради, а објектите се затресле, тврдат сведоци. Југоисточниот дел на Турција од јули минатата година го тресат насилства откако […]

Во самоубиствен бомбашки напад во Истанбул загинаа најмалку четири лица

март 19, 2016

Денеска, при самоубиствен бомбашки напад на главната трговска улица во центарот на Истанбул, најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени. Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и на странски брендови. Меѓу загинатите при експлозијата се претпоставува дека […]

Уапсени 20 лица во Истанбул

март 16, 2016

Дваесет лица се уапсени, меѓу кои и неколку адвокати, во полициските рации на 32 локации во Истанбул против припадници на Курдската работничка партија (ПКК). Како што јавуваат турските медиуми, повеќе антитерористички полициски акции биле извршени истовремено, со поддршка на хеликоптери, а уапсени се и осум лица од други провинции. Рациите следуваат по терористичкиот напад во Анкара, […]

Давутоглу: Досега се уапсени 11 лица поврзани со терористичкиот напад

март 14, 2016

Полицијата во Турција досега уапсила вкупно 11 лица кои биле поврзани со вчерашниот терористички напад во Анкара во кој загинаа 37 лица, а 120 се повредени. Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција изјави дека постојат многу сериозни податоци, според кои нападот е извршен од курдски бунтовници. Тој потврди дека Турција извршила воздушни напади против кампови на Курдската […]

Жена од ПКК е еден од напаѓачите во Анкара

март 14, 2016

Еден од двајцата осомничени напаѓачи за нападите во Анката, каде загинаа 37, а повредени се 125 лица, била жена која во 2013 година се придружила кон Работничката партија на Курдистан (ПКК), изјавија денеска турските безбедносни претставници. Тие соопштија дека жената е родена 1992 година во источниот турски град Карс. Полицискиот извор наведува дека другиот напаѓач […]

Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

март 4, 2016

Двајца полициски службеници се убиени, а најмалку 14 други, меѓу кои и неколкумина цивили, се повредени во експлозија на автомобил-бомба, што се случила рано утрово во југоисточниот дел на Турција, јавуваат светските агенции. Турските официјални власти соопштуваат дека зад нападот стојат милитанти на Курдската работничка партија (ПКК). Засега никоја не ја презел одговорноста за нападот. […]

Протести во Истанбул по убиството на про-курдскиот адвокат Тахир Елчи

ноември 28, 2015

Над 2.000 луѓе попладнево се собрале во центарот на Истанбул на протестти поради убиството на истакнатиот про-курдски адвокат Тахир Елчи, кој беше застрелан денеска во градот Дијарбекир, на југоистокот на Турција, јавуваат светските медиуми. Бројот на демонстранти кои пристигаат во центарот на Истанбул, како што пренесува „Раша тудеј“ постојано се зголемува, а полицијата се обидува […]

Давутоглу: Имаме докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци од Анкара со ИД или ПКК

октомври 14, 2015

Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција, денеска изјави дека некои од осомничените за нападот во Анкара, во кој во саботата загинаа 97 луѓе, поминале неколку месеци на боишта во Сирија. – Имаме извесни докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци со ИД или со ПКК. Дел од осомничените со месеци биле во Сирија – изјави Давутоглу. Давутоглу рече […]

ПКК повика на прекин на огнот во Туција

октомври 10, 2015

Курдската работничка партија (ПКК) ги повика своите борци да ги запрат сите акции освен во случај да бидат нападнати. Политичкото крило на ПКК, чиј апел доаѓа неколку часа по нападот во Анкара во кој загинаа 30 лица и 126 беа повредени, бара борците да се воздржат од секакви акции кои би можеле негативно да се […]

Турција бомбардираше позиции на ПКК во Ирак

септември 11, 2015

Турските воени авиони во текот на минатата ноќ бомбардираа мети на милитантите од Работничката партија на Курдистан во северниот дел на Ирак, соопштија турски безбедносни извори. Ова е последен во серијата напади откако Турција тргна да се пресметува со милитантите. Изворот наведува дека повеќе од 15 авиони од полноќ до пет часот наутро гаѓале мети […]

Најмалку 12 припадници на турската полиција загинаа во бомбашки напад

септември 8, 2015

Најмалку 12 полицајци од турската полиција загинаа во бомбашки напад на минибус во источниот дел на земјата, во провинцијата Игдир, јавуваат турските медиуми, повикувајќи се на информации од локалните власти. Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадници на Работничката курдска партија (ПКК), изведен е на минибус во кој се наоѓале полицајци кои работат […]

Турската авијација нападна позиции на ПКК

септември 7, 2015

Турската војска соопшти дека нејзините борбени авиони гаѓале позиции на припадниците на Работничката партија на Куридстан (ПКК) откако милитантите во еден напад убија 16 турски војници. ПКК објави дека убила 15 војници во вчерашниот напад во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Еден безбедносен извор соопшти дека се убиени 16 припадници на вооружените […]

Турција бомбардираше курдски позиции во Ирак

септември 2, 2015

Турски борбени авиони „Ф-16“ денеска бомбардираа позиции на припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) на југоистокот на Турција, откако милитантите убиле војници во тоа подрачје, соопшти турската војска. Судирите меѓу турските трупи и милитантите, кои имаат бази во планинските предели во Ирак, станаа секојдневни откако минатиот месец беше прекинато двегодишното примирје. Борците на ПКК […]

Водач на ПКК тврди дека Турција ја штити ИД, напаѓајќи курдски позиции

август 10, 2015

Водачот на Курдската работничка партија (ПКК), Чамил Бајик, во интервју за „Би-Би-Си“ ја обвинил Турција дека таа ја штити Исламска држава (ИД) со тоа што ги напаѓа курдските борци. „Турција тврди дека се бори против Исламска држава, но, всушност, тие се борат против ПКК“, изјавил Чамил Бајик за „Би-Би-Си“, додавајќи дека Анкара тоа го прави […]

Двајца турски војници загинале, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад

август 2, 2015

Двајца припадици на турските безбедносни сили се убиени, а 24 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во близина на градот Догубајазит, во провинцијата Агри, близу турската граница со Иран, соопштија претставници на локалните власти. Нападот се случил во 3 часот според локално, односно околу полноќ според средноевроско време. Според турските медиуми, трактор натоварен со два […]

Турција покрена истрага против лидерот на прокурдската партија

јули 30, 2015

Турските правосудни органи денеска почнаа истрага против лидерот на прокурдската партија, Селахатин Демиртас, „поради нарушување на јавниот ред и мир и поттикнување насилство“. Истрагата против Демиртас се однесува на октомври 2014 година, но доаѓа сред турската офанзива против Работничката партија на Курдистан (ПКК) во Ирак. Демиртас се соочува со затворска казна до 24 години, доколку […]

Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК

јули 30, 2015

Курдската работничка партија (ПКК) нападна армиски баталјон во југоисточниот округ Ширнак, Турција. Во нападот загинаа тројца турски војници. Од армијата соопштија дека во тој реон сега се водат борби. Оттаму потврдија и дека позиции на ПКК биле нападнати од воздух со хеликоптери. Лидерот на прокурдската Демократската партија на народите, Селахатин Дермиташ, ја обвини владејачката Партија […]

Страна 1 од 2