Најмалку десет лица загинаа, а десетици се повредени во самоубиствениот бомбашки напад во северниот дел на Камерун, во близина на границата со Нигерија.
Локалните медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, јавуваат дека зад нападот стојат припадници на терористичката група Боко харам, која ѝ изрази верност на Исламска држава и најави воведување калифат.