fbpx

Турски студент го извршил бомбашкиот напад во Суруч

-

Дваесетгодишен турски студент е идентификуван како извршител на самоубиствениот бомбашки напад што во понеделникот се случи во турскиот град Суруч, во близина на границата со Сирија, а во кој загинаа 32 лица, соопштиле денеска властите во земјата, пренесуваат медиумите.

Напаѓачот, кој според локалните медиуми бил именуван како Сејх Абдурахман Алагоз, бил со курдско етничко потекло од југоисточната провинција Адијаман и, според извештаите, наводно, бил поврзан со милитантите на Исламска држава (ИД).

Во меѓувреме, јавува „Би-Би-Си“, курдските милитанти соопштиле дека убиле двајца турски полицајци, како одмазда за загинатите во Суруч, град населен претежно со Курди.

Според медиумите, за турските власти главен виновник за нападот во Суруч е ИД, но, од друга страна, голем дел од граѓаните на Турција сметаат дека владата не дава доволна поддршка на Курдите во нивната борба против заканата од ИД на границата со Сирија, обвинувања кои властите во Анкара ги отфрлаат.

Вчера во повеќе градови во Турција имаше протести, во кои луѓето ги осудија нападите во Суруч, но и протестираа против владината политика кон Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...