fbpx

Бомбашки напад на зградата на египетската државна безбедност

-

Зградата на египетската државна безбедност во Каиро, утрово била цел на напад со автомобил бомба, соопшти министерството за внатрешни работи на Египет, јавуваат светските медиуми.

Според првичните извештаи, во експлозијата на автомобилот-бомба биле повредени шест полицајци, а додека информации за загинати нема.

Експлозијата оставила кратер на улицата пред зградата на државната безбедност, а според сведочењата на жителите на областа Шубра, на северот на Каиро, стакло од искршени прозорци имало низ повеќе улици.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот во египетската престолнина. Инаку, одговорни за повеќето бомбашки напади во Каиро, досега беа милитантите стационирани во северен Синај, кои се под влијание на Исламска држава (ИД).

Бомбашкиот напад, инаку, се случува еден ден откако египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси ги одобри новите строги антитерористички закони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...