fbpx

Шестмина загинати во бомбашки напад на талибанците во Авганистан

-

Најмалку шест луѓе загинале, од кои тројца полицајци, а 13 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случи на истокот на Авганистан, јавуваат медиумите.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, приколка полна со експлозив била детонирана пред полициска станица во Пули Алам, главен град на провинцијата Логар, соопштиле локалните власти.

Одговорноста за нападот ја презеле талибанските милитанти, кои соопштиле дека цел биле воени и паравоени единици.

Станува збор за прв голем напад откако минатата недела талибанците потврдија дека нивниот водач, Мула Омар, е мртов.

Според локалните власти, станувало збор за огромна експлозивна направа, која на местото била донесена со камион. Од детонацијата била предизвикана голема штета, а искршени прозорски стакла имало и на оддалеченост од еден километар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.