fbpx

„Македонски телеком“: Намалени приходите од продажба, а зголемени од интернет

-

„Македонски телеком“ АД – Скопје ја задржа водечката позиција во фиксниот и во мобилниот сегмент во првото полугодие од 2015 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Приходите од продажба во првото полугодие од 2015 година изнесуваат 5.035 милиони денари, што претставува намалување од 5,8 отсто во споредба со истиот период од 2014 година.

Добивката од редовното работење пред оданочување на крајот од првото полугодие од 2015 година, изнесува 631 милион денари и е намалена за 10,4 отсто споредено со истиот период од минатата година, што го рефлектира намалувањето на приходите делумно компензирани од помалите трошоци.

Вкупната нето-добивка на крајот од првото полугодие од 2015 година изнесуваат 548 милиони денари. Капиталните инвестиции на крајот од првото полугодие се во висина од 367 милиони денари.

„Македонски телеком“ на крајот од првото полугодие од 2015 година, ја одржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 61,9 отсто. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 17 отсто споредено со истиот период од 2014 година, со бројката од 229.000 корисници „Македонски телеком“ е на лидерската позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Во мобилниот сегмент, компанијата има водечка позиција на пазарот со удел од 46,7 отстo според интерната процена. Базата на претплатници на крајот од првото полугодие од 2015 година изнесува 1.180.000 претплатници и е зголемена за 1,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, кога изнесуваше 1.166.000 претплатници.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првото полугодие од 2015 година се намалени за 12,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...