fbpx

Во напад на воена база во Авганистан, убиени 33 лица, од нив 27 цивили

-

Најмалку 33 лица, од кои повеќето жени и деца, се убиени во самоубиствен бомбашки напад што синоќа се случил во близина на воена база во Авганистан, јавуваат светските агенции.

Бомбашот-самоубиец детонирал експлозивна направа на контролен пукнт во близина на базата Камп Чепмен, што порано ја користела Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), во источната авганистанска провинција Кост.

Инаку, Камп Чепмен беше цел на еден од најжестоките напади над агентите на ЦИА во 2009 година, кога бомбаш-самоубиец уби седум службеници.

Во базата, покрај авганистанските, сега се сместени и страски трупи, вклучувајќи и војници на САД.

Гувернерот на провинцијата Кост изјавил дека во синоќешниот напад биле убиени 27 цивили и седум припадници на обезбедувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...