fbpx

Бројот на загинати во Турција се зголеми на 97

-

Бројот на загинати лица во самоубиствените бомбашки напади што ги извеле двајца мажи во Анкара се зголеми на 97, се вели во соопштението од канцеларијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Турските власти соопштија дека полицијата уапсила четворица осомничени припадници на Исламска држава во рацијата што ја спровеле во турскиот град Адана.

Во соопштението не е наведено дали апсењата се поврзани со самоубиствените бомбашки напади на плоштадот на кој учесниците бараа да се стави крај на конфликтот со курдските сепаратисти.

Сè уште никој не ја презема одговорноста за нападите.

Турската влада, која прогласи тридневна жалост, нападите ги оцени како терористички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...