По интензивните врнежи од дожд што ја зафатија земјава и регионот и кои предизвикаа поплави во Охрид и во околината, Градот Скопје вчеравечер испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите.

„Градот Скопје испрати две цистерни за влечење вода од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување вода. Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е екипа пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија. Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, ќе испрати дополнителна помош“, информираат од Град Скопје.