fbpx

Во Иран осуден новинарот на „Вашингтон пост“

-

Иранскиот суд го осуди новинарот на „Вашингтон пост“, Џејсон Резајан, поради шпионажа, не наведувајќи детали од пресудата, објави иранската државна телевизија.

Резајан, дописник на „Вашингтон пост“ од Техеран, беше уапсен во јули 2014 година и обвинет за шпионирање, како и за други кривични дела против националната безбедност.

На новинарот кој има американско и иранско државјанство, судено му беше зад затворени врати, а последното рочиште беше во август.

– Пресудата е донесена, а Резајан има право на жалба – изјави портпаролот на судот во Техеран, Голамхосеин Мохсени Еджел.

„Вашингтон пост“ судењето на 39-годишниот Резајан го нарече „болна мешавина на трагедија и на фарса“ и додаде дека судењето не било транспарентно и праведно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...