Во бомбашки напад врз џамија во Етиопија, 24 лица се повредени

Најмалку 24 лица се повредени во бомбашки напад за време на молитва, во најголемата џамија во претстолнината на Етиопија, Адис Абеба.

Министерот за образование Гетачев Реда изјави дека, властите не се сигурни кој е одговорен за нападот и дека истрагата е во тек.

Иако има распоредени трупи во Сомалија кои се борат против милитантните групи, Етиопија до сега беше поштедена од нападите на исламистите.

Властите во Етиопија, неодамна затворија голем број на муслимани, обвинети за тероризам и планирање на формирање на ќелии на Исламската држава во таа земја.