„Аја Софија“ после 86 години денеска отворена за верски обреди

-

Една од најпосетените туристички дестинации во Истанбул, „Аја Софија“, која од 1985 година се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО, од музеј, после 86 години, денеска е џамија за одржување на верски обреди. Вчера на влезот на храмот бил поставен нов натпис, на турски и на англиски јазик: „Големата џамија на Агиа Софија“.

Од раните утрински часови во џамијата пристигнуваат големи групи верници за да присуствуваат на петочната молитва (џума намаз), јавува Агенција Анадолија (АА). Заради пандемијата од корона вирусот, турските власти го ограничиле бројот на верници кои ќе присуствуваат на првата молитва, на 1.453 луѓе, што ја симболизира годината кога Турците го покориле Константинопол. Околу 500 верници ќе ја извршат молитвата во „Аја Софија“, додека останатите ќе се молат надвор, на пет молитвени места покрај џамијата.

Турски медиуми пишуваат дека и покрај големиот број на верници, ќе се применуваат мерки на претпазливост против корона вирусот, задолжителна е употребата на маски, средства за дезинфекција и растојание меѓу душеците за молитва. На 11 места има контролни пунктови каде што ќе се мери температура пред почеток на молитвата, а местото ќе го обезбедуваат околу 20.000 полицајци. Ќе присуствуваат и 736 доктори, над 100 возила на итна помош и санитетски хеликоптер.

Турскиот суд на 10 јули годинава ја поништи одлуката на некогашната влада, според која, од 24 ноември 1934 година „Аја Софија“ имаше статус на музеј. Со овој чин на поништување, музејот станува џамија.

Турските власти најавуваат дека и понатаму ќе ги чуваат културно-историските вредности на „Аја Софија“. За верските обреди ќе биде надлежна Управата за верски работи на Турција, а за реставрација, конзервација и заштита ќе се грижи Министерството за култура и туризам на Турција. Туристите и понатаму ќе можат да ја посетуваат „Аја Софија“ бесплатно, а фреските на ѕидовите ќе бидат покривани единствено за време на молитва.

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за...

Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека...

Ревизија во Централен регистар, три регистри не функционираат и покрај тоа што може да се користат

Неправилности како продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри, утврдиле ревизорите по извршената ревизија за работењето на Централниот регистар. Државниот...

Божиновска на Меѓународниот ден на девојки и жени во науката: Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа...

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во...