fbpx

И ИВЗ и ВМРО-ДПМНЕ против викенд-полицискиот час

-

Исламската верска заедница (ИВЗ), уште во понеделникот со писмо ја известила Владата дека ако се воведе планираниот полициски час за време на продолжениот викенд, тоа ќе значи дека Владата ќе ја изгуби довербата на сите муслимански верници, оти во претходниот месец не е воведен целосен полициски час во ниту еден викенд, а сега има намера да се направи тоа за празникот Фитер Бајрам. Владата треба да се замисли за тоа, сега кога се очекуваат парламентарни избори, предупреди ИВЗ.

Слично на ИВЗ, и ВМРО-ДПМНЕ се изјасни против воведување на долгиот полициски час, велејќи оти е нелогично да се воведува во време на празникот Бајрам, како и тоа што Владата планира и понеделник да биде целосен полициски час, додека веќе во вторник се очекува повторно отворање на угостителските објекти.

Комисијата за заразни болести вчера предложи полициски час од 19 часот в сабота до 5 часот во вторник.

„Ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар на грб за откажување на намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека во текот на обавување на намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементираат за обавување на дневните намази, за кои досега не сме добиле никаква забелешка од ваша страна. Воведувањето на полицискиот час, ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред, во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, а ова ќе значи дека намерно нема да се дозволи намазот на Фитер Бајрам, кој се одржува еднаш годишно“, пишува во писмото од ИВЗ.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, пак, порача дека се спротивставува на полициски час за Бајрам, исто како што се спротивставувале за Велигден.

„Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е
задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака? ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download huawei firmware
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy course