fbpx

Откажан вториот концерт на „Лајбах“ во Северна Кореја

-

Вториот концерт на групата „Лајбах“ во Пјонгјанг е откажан поради технички причини, јавува словенечката агенција „СТА“.

„Лајбах“ синоќа влезе во историјата како прв бенд од Западот кој одржал концерт во главниот град на Северна Кореја.

Групата, како што пренесуваат светските медиуми, добила овации на првиот од двата планирани концерти, но властите на оваа затворена комунистичка држава, во последен момент, го цензурирале концертот и од сетлистата исфрлиле некои песни и забраниле некои кореографии.

И покрај тоа, авангардниот бенд познат по своите провокативни настапи и по поигрувањето со авторитарните симболи, доби овации од околу 1.500 лица во публиката во салата Понгва, во која немаше претставници на државното раководство.

Бендот требало да одржи два концерта на истата локација во Пјонгјанг, но локацијата за вториот настап е сменета, па како, што јавува словенечката агенција, е невозможно за толку кратко време целата опрема да се префрли на друга локација.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...