Гурманскиот викенд со пиво, „Пиволенд“, ќе се одржи осми пат во Скопје, од 2 до 6 септември.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во повеќе од 30 пивски брендови, како и во гурмански специјалитети.
Манифестацијата ќе трае пет дена, а ќе има многу забава и дегустација на пиво.
Фестивалот, кој е во организација на „Темов“ и на Град Скопје, ќе се одржи на скопското Кале.